28.05.2012, 12:13 Земјоделско земјиште под закуп
Министерството за земјоделство дава под закуп над 8.703 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост. Огласеното земјиште е во 18 региони во државава, Куманово, Валандово, Радовиш, Берово, Крива Паланка, Крушево, Прилеп, Делчево, Пробиштип, Битола, Ресен, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Велес, Кавадарци, Кисела Вода и општината Македонски Брод.
Почетната цена по хектар изнесува 25 евра за земјиште од прва до четврта катастарска класа и 15 евра во за земјиште од петта до осма класа. Парцелите во планинските подрачја ќе се закупуваат за 15, односно пет евра по хектар, во зависност од класата. Еден закупец може да земе до 10 хектари земјиште. Времетраењето на закупот е од 15 до 50 години, во зависност од намената. (Ек.Р.)
|