28.05.2012, 15:29 Тешки криминалци во грчката „Златна зора“
Гетеборг - Најмалку шест лица во грчката неонацистичка партија „Златна зора“ се осудени или обвинети за убиства, насилство или илегално поседување на оружје, се наведува во истражувањето што го спроведе Шведската телевизија СВТ.
Екстремно десничарската „Златна зора“ во изборната кампања даде ветувања дека ќе ги исфрли сите имигранти од Грција и дека ќе постави мини по должината на границата кон Турција.
|