28.05.2012, 13:42 Лазаров во идеалниот тим на завршниот турнир
Во „Топ 7“ се и Валур Сигурдсон (Копенхаген), Филип Јиха (Кил), Икер Ромеро (Берлин), Никлас Екберг (Копенхаген), Жулен Агинагалде (Атлетико Мадрид) и Тиери Омејер (Кил)
Македонскиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров според ЕХФ е избран во идеалниот тим на завршниот турнир во Лигата на шампионите што во текот на викендот се одржа во Келн.
Лазаров беше предводник на својата екипа во победата во полуфиналето против Копенхаген (постигна 11 голови), додека во финалето со Кил (постигна 5 голови) неговиот тим загуби.
Македонскиот репрезентативец третпат го доби ова признание, откако најдобар беше и во 5.коло и во реванш осминафиналето.
Во „Топ 7“ покрај Лазаров (десен бек) се и Валур Сигурдсон (Копенхаген) - лево крило; Филип Јиха (Кил) – лев бек; Икер Ромеро (Берлин) – среден бек; Никлас Екберг (Копенхаген) – десно крило; Жулен Агинагалде (Атлетико Мадрид) – пикер и Тиери Омејер (Кил) – голман.
|