28.05.2012, 15:26 Тешко повреден македонски државјанин во сообраќајка во Србија
Во сообраќајна несреќа која се случил денеска во 10 часот, на автопатот Белград - Ниш, во близина на Свилајнац, со тешки повреди се здобил македонскиот државјанин Ацо Недев.
Како што пренесуваат белградските медиуми, до несреќата дошло откако пукнала предната гума на камионот со регистарски таблички ВЕ-918-КК, што го управувал Недев, а потоа дошло до превртување и прообивање на заштитната ограда поставена на спротивната страна. Повредениот возач, чиј живот е во опасност, бил пренесен во Клиничкиот центар во Крагуевац, каде што му била извршена хируршка интервенција.
Неколку часа по несреќата, сообраќајот на автопатот Белград - Ниш бил во застој и поради истекувањето на гориво од резервоарот на превртениот камион. Тамошните медиуми наведуваат дека се создала колона од неколку километри, а кога сообраќајот бил воспоставен возилата, се движеле бавно и мошне внимателно. (Љ.С.)
|