28.05.2012, 13:12 Жена загина во експлозија на бомба на пазар во Бихаќ
Едно лице загина, а друго е тешко повредено во експлозија што утрово се случила во центарот на Бихаќ, јавија локални медиуми од БиХ
Според првичните информации, експлозијата се случила на градското пазариште, а експлозивната направа била поставена под чадор за сонце.
Меѓу настраданите се две жени, кои на пазарот продавале земјоделски производи. Од болницата во Бихаќ потврдуваат дека една од повредените жени им подлегнала на повредите, додека другата се уште е во тешка состојба.
По експлозијата полицијата го блокирала целиот реон. Се уште нема информации околу извршителите и мотивите за нападот.
|