28.05.2012, 12:16 Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк
Грчките новинари ги напуштија редакциите за 24 часа во целата земја, за да протестираат против мерките за штедење и големите намалувања на платите, кои според нив им го уништуваат медиумскиот сектор.
Серијата од скратувања на работни места ги засегна и медиумите во Грција како дел од мерките за штедење.
Во земјата денеска нема да бидат емитувани телевизиски или радио програми, Интернет страниците нема да бидат обновувани, а весниците и списанијата нема да излегуваат до среда.
До неодамна во Грција, која има население од 11 милиони лица, имаше 11 тв канали, 71 радио станица, над 22 национални весници и голем број неделни и месечни списанија. По почетокот на кризата во 2010 година 30 проценти од новинарите сега се без работа, а многу весници како „Апогевматини“, „Елефтеротипија“ и неделниот финансиски весник „Космос ту епендити“ сега не се печатат поради намалената побарувачка.
|