Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
28.05.2012, 17:26

Дел Боске го пречкрта Лопез

Шпанскиот селектор за стрелецот против Србија се изјасни дека „не може дебитант да оди на ЕП“

Шпанскиот селектор Висенте дел Боске го соопшти репрезентативниот список за Европското првенство во Полска и во Украина. Шпекулациите околу тоа кои напаѓачи ќе добијат амин се претворија во жестоки реакции откако од офанзивниот арсенал на „фуријата“ официјално отпаднаа Роберто Солдадо и Адријан Лопез. Откако стана јасно дека Давид Вилја нема да заздрави навреме, настапот на Љоренте и на Торес се наметнуваше како логична претпоставка. Врева кренаа преостанатите два избора на Дел Боске, особено Алваро Негредо од Севилја. Шпанските медиуми прашуваат зошто тој, а не Лопез, кој постигна гол и врз него беше направен пенал во дебито за репрезентацијата на пријателскиот меч со Србија (2:0) во саботата.

„За мене е неприфатливо кој било да оди на големо натпреварување веднаш по дебитантскиот настап за репрезентацијата. Адријан одигра брилијантно со Србија и ќе го следиме и понатаму“, беше објаснувањето на Дел Боске за 24-годишниот напаѓач на Атлетико Мадрид.

Селекторот го објасни и изборот на Негредо пред Солдадо, бидејќи шпицот на Валенсија со 17 гола беше најефикасниот Шпанец во Примера сезонава. Згора на тоа, имаше уште осум гола во Копа дел Реј и во Лигата на шампионите.

„Станува збор за двајца исклучителни, но многу различни играчи. Едниот е побрз, а другиот работи повеќе за екипата. Давид Вилја е незаменлив, но моравме да ја бараме најсоодветната солуција која ќе го надомести неговото отсуство“, рече Дел Боске. Тој објасни и дека Педро е повикан бидејќи ќе биде многу покорисен во ширењето на играта по страничните позиции.

Шпанија е актуелен европски и светски првак, а титулата во Полска и во Украина ќе ја брани од групата Ц, каде што ќе игра против Италија, со Хрватска и со Република Ирска.

Голмани: Касилјас, Валдес, Реина. Одбрана: Арбелоа, Хуанфран, Рамос, Пике, Албиол, Алба, Мартинез. Среден ред: Бускетс, Алонсо, Чави, Иниеста, Казорла, Мата, Силва, Фабрегас, Навас. Напад: Торес, Љоренте, Педро, Негредо. (В.А.)


Статијата е прочитана 885 пати.

Испрати коментар



Македонија одигра без голови и со Ангола
Чех во Челзи до 2016 година
Темелков се враќа за баражот со Австрија
Мекејлеб избран за МВП во Италија
Станиќ уште три години во Металург, Марковиќ оди во Гепинген
Мајами го доби првиот меч од финалето на Истокот
Љаиќ избркан бидејќи не ја пеел химната
По Маури, и Конте на тапет за лажирање
Хесједал ги освои Апенините
Лазаров во идеалниот тим на завршниот турнир
Сан Антонио поведе против Оклахома Сити
Металург ја одбрани шампионската титула
Лазаров и Атлетико поразени во финалето на ЛШ
Ивановиќ и Кузнецова во второ коло
Вебер најбрз низ улиците на Монте Карло
Бостон закажа источно финале со Мајами
Македонија ремизираше со Португалија
Шумахер најбрз, пол-позицијата сепак за Марк Вебер
Коби Брајант десетти пат во најдобрата НБА-петорка
Гвардиола се прости од Барса со трофеј во шпанскиот Куп

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |