28.05.2012, 10:52 Сан Антонио поведе против Оклахома Сити
Спарси славеа пред своите навивачи (101:98) во првиот натпревар од финалето на Западната конференција
Кошаркарите на Сан Антонио ја продолжија серијата победи во плеј-офот, откако во првиот финален натпревар од Западната конференција синоќа пред своите навивачи го совладаа тимот на Оклахома Сити со 101:98.
Ова беше 19-та победа за „мамузите“ заедно со серијата од регуларниот дел со што го изедначија рекордот на Лос Анџелес Лејкерс од 2001 година.
На почетокот на последната четвртина Оклахома водеше со девет поени 71:62, но домашните предводени од Ману Џинобили кој постигна 26 поени (11 во последниот период) дојдоа до водство од 1-0 во победи.
Тим Данкан имаше ефект 16 поени и 11 скокови, а Тони Паркер 18 поени. Кај Ок��ахома Сити која имаше слаба реализација од рекетот најпрецизен беше Кевин Дјурант со 27 поени и 10 скокови.
Следниот натпревар се игра во Сан Антонио во вторник, а вечерва почнува и финалето на „Исток“ Мајами – Бостон.
|