27.05.2012, 18:09 Вебер најбрз низ улиците на Монте Карло
Австралиецот победи во кнежеството и стана шестиот пилот оваа сезона кој што успеал да слави во Ф1 трка
Марк Вебер за прв пат сезонава го подигна пехарот во најпрестижното тркачко натпреварување, Формула 1. Австралиецот во тоа успеа денеска низ улиците на Монте Карло во трката за ГН на Монако. Со овој триумф пилотот на Ред Бул стана шести возач во шесте трки во оваа сезона по Џенсон Батон, Фернандо Алонсо, Нико Розберг, Себастијан Фетел и Пастор Малдонадо што успеа да се искачи на највисокото место на подиумот. На втората се најде возачот на Мерцедес, Нико Розберг, трет заврши Фернандо Алонсо од Ферари.
Мекларен повторно извиси откако нивниот главен адут Луис Хамилтон и покрај одличното трето место на стартот беше прелесен залак за неговите ривали Алонсо и Фетел. Клупскиот колега на Британецот, Џенсон Батон, не го дочека крајот на трката со што само го потврди лошиот викенд на клубот во кнежевството.
Прв во генералниот пласман е возачот на Ферари, Фернандо Алонсо со 76 бода пред пилотите на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер кои имаат по 73 поени. Кај тимскиот пласман води Ред Бул со 146 поени пред Мекларен кој има 108, а трет е Ферари со 86.
Октанскиот циркус за две недели се сели преку барата каде што ќе се вози за трката за Големата награда на Канада.
Генерален пласман кај возачите:
1. Фернандо Алонсо Шпанија Ферари 76
2. Себастијан Фетел Германија Ред Бул 73
3. Марк Вебер Австралија Ред Бул 73
4. Луис Хамилтон Британија Мекларен 63
5. Нико Розберг Германија Мерцедес 59
6. Кими Раиконен Финска Лотус 51
Генерален пласман кај тимовите:
1. Ред Бул 146
2. Мекларен 108
3. Ферари 86
4. Лотус 86
5. Мерцедес 61
6. Вилијамс 44
|