26.05.2012, 20:20 Шумахер најбрз, пол-позицијата сепак за Марк Вебер
Михаел Шумахер покрај најдоброто време во квалификациите во Монте Карло, поради казна ќе стартува дури од третиот ред
Покрај фактот што Михаел Шумахер го забележа најбрзото време на денешните Ф1 квалификации за трката во Монте Карло, поради негова казна заработена за минатата трка, пол-позицијата ја зема второпласираниот Марк Вебер.
Втор на трката ќе стартува Нико Розберг, по кого следуваат Хамилтон, Грожан, Алонсо, па казнетиот Шумахер. |