Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.05.2012, 10:25
Европско решение на спорот за името



Германскиот европратеник Кристијан Елер и пратеникот во Бундестагот Гунтер Крихбаум во изјава за Дојче веле

На решението на спорот за името треба да му се даде европска димензија, и за него треба да се дискутира зад затворени врати, истакнуваат германскиот европратеник Кристијан Елер и пратеникот во Бундестагот Гунтер Крихбаум во изјава за Дојче веле.

- Мислам дека е се’ појасно оти европско решение не може да биде кратење на правото на Македонија на самоопределување. Тоа би било спротивно на европските вредности. Со сегашната криза во Грција и поврзаноста на целиот Балкан сметам дека шансите за решавање на спорот се зголемуваат. Со едно ограничување, а тоа е доколку во Грција власта ја преземат екстремистичките сили, кои не само што ќе сакаат истапување од еврозоната и скршнување на Грција од Европа, туку со националистичките гледишта - работата уште повеќе ќе ја усложнат. Лично верувам дека иако спорот трае долго, може да му се даде европско решение, а тоа е: самоопределбата на Македонија, а со тоа решение за името кое ниту на една земја не може да и‘ се ускрати!“, изјави европратеникот Кристиојан Елер, одговарајќи на прашањето - како може ЕУ да и помогне на Македонија во спорот со името?

Гунтер Крихбаум, пратеник на ЦДУ и претседавач со Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг, пак, смета дека за спорот со името мора да се дискутира зад затворени врати за да се дојде до решение.

- Спорот тлее толку години. Затоа е важно на Грција да и’ кажеме дека посакуваме скоро решение, а од друга страна - од Македонија да побараме сигнали наспроти Грција - на вештачки начин да не фрла масло во огнот! Затоа верувам дека кога овие две работи би се случиле, би било можно и доближување на двете страни, зашто една ваква расправија за името во денешна Европа е апсурдна, коментира Крихбаум.

Двајцата германски политичари сметаат дека актуелната криза во Грција и најавите за можно напуштање на еврозоната не треба да го стави ад-акта спорот за името.

- Јас лично малку верувам во шпекулацијата за излегување на Грција од еврозоната. Кога е во прашање спорот за името, сакам брзо да се реши, зашто во суштина и во другите делови од Европа има тешкотии. Кога двете страни би се доближиле, со европска асистенција, поддршка и посредство, можно е тука скоро да дојде до решение, вели Крихбаум.

Кристијан Ерлер оценува дека Европа и доближувањето на Македонија кон неа, односно европските перспективи ќе го решат ова прашање.

- Незамисливо е дека Балканот на долг рок ќе остане надвор од ЕУ. Тој е еден битен дел од Европа. Европското членство е само прашање на време. Со него ќе се реши и проблемот од типот на името. Ваквата состојба е незмисливо да продолжи, изјави Елер.













Статијата е прочитана 920 пати.

Испрати коментар



Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Собранието ќе ја продолжи расправата за ребаланс на Буџетот
Најмалку 22 мртви во земјотресот во Италија
СДСМ
Собранието нема да одржи итна седница за НАТО и ЕУ
Работниците и газдите да не одат на суд
СДСМ ќе поднесе иницијатива за Национална стратегија за медиуми
Оригинален документ од предлогот на Нимиц во 2005 година
Отворена манифестацијата „Денови на занаетчиството 2012“
Нов бран и во ДУИ
Во администрацијата ќе се воведе систем заснован на компетенции
Царината доби опрема вредна 30.000 долари
Рекорд во Германија - Сонцето замени 20 нуклеарни централи
Собранието расправа по ребалансот на Буџетот за 2012
Данци со сомалиско потекло уапени поради тероризам
Случаен минувач ранет во скопски Аеродром
Нов земјотрес во Италија, бројот на загинати расте
Црвенковски - Груевски во 2005 одби предлог - Republic of Macedonia
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Ставрески
Џемс Бонд од нашиот сокак
Грчките вили пресолени за македонски купувачи
Агрокомбинатот „Џумајлија“ во претстечајна постапка
Светот е бесен по масакрот во Сирија
Грчки историчар бара помош од Путин за Вранишковски
Ставрески - Економијата три пати подoбра од времето на СДСМ
Тешки криминалци во грчката „Златна зора“
Тешко повреден македонски државјанин во сообраќајка во Србија
СДСМ предлага мерки за реформа на јавната администрација
Иванов - Можеме да бидеме горди на македонските војници
Предавања на медицинскиот тим на „Аџибадем Систина"
Жена загина во експлозија на бомба на пазар во Бихаќ
„Темјаника“ на „Тиквеш“ доби бронзен медал во Лондон
Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 27 луѓе
Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк
Државата дава под закуп 8.703 хектари земјоделско земјиште
По поразот, Тадиќ се готви за премиер
Собранието ќе расправа за интерпелација на Ставрески
Уапсен член на АНА кој планирал атентати во Македонија и Косово
Го бркал соседот со секира за паркинг-место
На Прометеј му облекоа гаќи
Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Осум цивили загинале во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



NACRT REZOLUCIJA na GSON potrebna kako reshenie, 28.05.2012 12:52:25
NACRT REZOLUCIJA Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON, Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat, Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, , i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina, Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON, Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
mmk, 28.05.2012 14:35:56
Браво господине Кристијан.Во Вашето залагање недостасува само уште да се изборите ЕУ да ја шутне Грција не како банкрот држава туку како европска срамота.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |