27.05.2012, 17:05 Македонка победи на „Мис Балкан 2012“
Македонската претставничка Ива Михајловска победи на изборот за „Мис Балкан 2012“ што се одржа вчеравечер во хотелот „Лајв дизајн“ во Белград
Дваесетгодишната моделка од Скопје триумфираше во конкуренција на 30 девојки од балканските држави, а успехот на нашата земја го надополни и втората претставничка од Македонија, 21-годишната Ангелина Јовановска, која ја освои титулата втора придружничка (титулата прва придружничка ја освои претставничката на Србија). Организацијата на патувањето на нашите претставнички беше на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува и лиценцата за учество на овој избор. |