28.05.2012, 13:24 „Бурановски бабушки“ ќе градат црква со парите од Евросонг
Целиот приход ќе го вложат во изградбата на селска црква во своето место Бураново, во Удмуртската република во Русија
„Бабушките“ кои на Евросонгот во Баку го освоија второто место изјавија дека целиот приход од тоа ќе го вложат во изградбата на селска црква во своето место Бураново, во Удмуртската република во Русија.
Се работи за село во кое живеат 680 жители, а некогашниот храм на Света Тројца го затвориле советските власти од 1939 година и тој е целосно руниниран.
Еден од главните мисионери на Московската партијаршија игуменот Сергије Рибко изјави дека нивната победа ја „покажала силата на православието на расхристијанизираниот свет“.
Претседателот на Реп��блика Удмуртија, на јужен Урал, од каде потекнуваат бабичките, Александар Волков ги прогласи за „национални херои“.
|