28.05.2012, 12:29 Уште едно признание за краткиот филм „Години на самотија“
Филмот на Филип Кондовски доби специјално признание на Меѓународен фестивал во Украина
На престижното осмо издание на Меѓународниот телевизиски и радио фестивал во Севастопо, Украина, посветен на војната под наслов „Победивме заедно“, меѓу 150 учесници од 30 земји за прв пат учествуваа и автори од Македонија. Фестивалот се одржа од 8 до 10 мај под покровителство на високи државни институции, меѓу кои и Министреството за одбрана на Украина, Евроазиската Академија за радио и телевизија и други.
Краткиот игран филм на Филип Кондовски, „Години на самотија“, е награден со специјално признание за „ висока ликовна култура во изразувањето на самобитноста на македонскиот живот���. Во овој филм, без зборови, настапуваат македонските актери: Драган Довлев, Ѕвезда Анѓеловска, Висар Вишка и Сашка Димитровска, а во улогата на детето, малиот М. Митровски.
Филмот, кој е посветен на трагиката на војните и погубното влијание на судбината на женета и на поколенијата, е во продукција на „Дрим Фектори“, а е финансиран од Министерството на култура на Македонија. Инаку, „Години на самотија“ веќе е добитник на награда на Приштинскиот филмски фестивал „9/11“, како и на 13-тиот „Телефорум“ минатата година во Москвана, на кој Филип Кондовски беше избран и за член на Евроазиската Академија за телевизија и радио. (Т.И.)
|