Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.05.2012, 15:46
Ставрески: Економијата три пати подoбра од времето на СДСМ



Министерот за финансии возврати на поднесената интерпелација за неговата работа од опозицијата

Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ се остварени историски највисоките стапки на раст, трипати поголеми од оние за време на СДСМ и во услови на економска криза. Странските директни инвестиции од 2007 до 2011 година достигнаа 1,513 милијарди евра. Просечниот раст на инвестиции е 8,9 отсто, за разлика од 2,8 во времето на СДСМ. Невработеноста е намалена за 22,9 отсто, а долгот е помал за 11,6 проценти.

Вака министерот за финансии Зоран Ставрески одговори на наводите од поднесената интерпелација за неговата работа од страна на опозицијата која посочи 10 причини зошто треба да ја напушти функцијата. Тој наведе дека со економската политика што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, македонската економија во изминатите години оствари добри резултати, најдобри од осамостојувањето до денес, Македонија и пред и по кризата е меѓу најуспешните во Европа што е показател дека политиките се квалитетни, здрави и добро поставени.

- Во изминатиот период остварени се историски највисоките стапки на раст на БДП од 6,1 отсто во 2007 година и 5 отсто во 2008 година. По почнувањето на големата светска економска криза повторно во две од три години остваривме позитивен раст на БДП - 2,9 отсто во 2010 и 3 отсто во 2011 година. Во целина во периодот 2007-2011 во кој во четири од петте години имаше и се уште има голема светска економска криза остварен е росечен раст на БДП од 3,2 проценти. За споредба во периодот 1993-1998 и 2003-2006 година во кои економската политика ја креираше СДСМ, просечниот раст на БДП е 1,2 отсто, рече Ставрески.

Според него, заклучокот е јасен дека СДСМ во години на бум на светската економија оствари три пати помал раст на македонската економија во однос на ВМРО-ДПМНЕ во услови на економската криза. -Нам СДСМ не ние репер, нам ни се репер партиите и владите од европските земји, потенцира Ставрески.

За инвестициите посочи дека дека во изминатите пет години остварен е најголем раст. Просечниот реален раст на бруто инвестициите во 2003-2006 година изнесува 2,8 отсто, додека во 2007-2011 година 8,9 проценти. Бруто инвестициите како процент од БДП во перидоот 2003-2006 година изнесува 21 процент, а во периодот 2007-1011 година 25,7 проценти. Странските директни инвестиции од 2007 до 2011 година достигнаа 1,513 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повеќе во однос на кумулативиот прилив на светските директни инвестиции во 10-те години период на владите на СДСМ. Посочувајќи ги овие податоци министерот рече дека тоа значи оти она што оваа Влада го оствари во пет економски тешки години, Владата на СДСМ не можела да го сработи ниту за 10 години во усло��и на посперитет на светската економија, односно СДСМ во години на бум на светската економија остварила три пати помалку инвестиции во однос на ВМРО-ДПМНЕ во услови на економска криза.

Министерот Ставрески во однос на невработеноста, рече дека тие како партија не ја избегнуваат оваа тема и оти го решаваат ова прашање. Во септември 2006 година бројот на регистрирани невработени лица бил 358.831. Оваа бројка, наведе, ја наследи ВМРО-ДПМНЕ. Денес во март 2012 година бројот на регистрирани невработени лица изнесува 276.715. Вкупниот број регистрирани невработени лица во март 2012 година, во споредба со септември 2006 година е намалена за 22,9 отсто или за 82.116 лица, истакна Ставрески и додаде дека е намалена стапката на невработеност во услови кога невработеноста расте во сите европски држави. Тој додаде дека политиката на оваа Влада овозможи кредирање на околу 75.000 работни места и егзистенција на илјадници македонски семејства.

За стапките на раст, потенцира дека тие секаде во светот подлежат на ревидирање. - Многу често релевантните меѓународни институции ги менуваат проекциите. Според логиката на СДСМ т��е се уште понеспособни од Минситерството за финансии бидејќи четири пати годишно ги менуваат проекциите, некогаш и во распон од 4,5 или 6 проценти разлика меѓу две проекции. Ако споредиме пак со катаклизмичните проекции на СДСМ за 2010 и 2011 година дека ќе имаме рецесија, а ние имавме стапки на раст од 2,9 и 3 проценти, јасно е кој ја залажувал јавноста и кој колку знае да проектира, рече министерот за финансии, додавајќи „дека е јасно зошто СДСМ излегува секогаш со мрачни сценарија од чисто политички причини“.

За големите трошења за кои го обвинуваат од опозцијата, тој истакна дека Буџетот на државата како процент од БДП во 2012 година е помал од оној во 2005 година, а даноците се пониски за над 50 проценти.

- Вкупните расходи како процент од БДП се најниски во 2007 година и изнесуваат 32,2 отсто, а највисоки се во 2005 година кога изнесуваат 34 проценти од БДП. Значи Владата предводена од СДСМ повеќе трошела, рече министерот.

Според него пред да се обвини министерот за финансии за ниско ниво на капитални расходи треба да се погледне нивното ниво во минатото. - Во перидотот 2003-2006 година во просек годишно се издвоени капитални буџетски расходи од 2,8 отсто од БДП, додека во перидото 2007-2011 издвоени се 3,9 проценти од БДП, рече министерот и додалде дека од 2003 до 2006 година реализирани се капитални буџетски расходи во оизнос од 31,8 милијарди денари, додека од 2007 до 2011 година два и пол пати повисоки односно изнесуваат 80,3 милијарди денари. Владата на СДСМ релативно повеќе трошела, а реализирала помали капитални расходи, рече Ставрески.

За задолженоста посочи дека денеска долгот на Македонија под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е помал за 11,6 проценти и во споредба со долгот под раководство на СДСМ. Историски, рече министерот, највисока стапка на задолженост Македонија имала на крајот од 2005 година кога изнесувал 38,4 отсто од БДП.






Статијата е прочитана 1537 пати.

Испрати коментар



Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Собранието ќе ја продолжи расправата за ребаланс на Буџетот
Најмалку 22 мртви во земјотресот во Италија
СДСМ
Собранието нема да одржи итна седница за НАТО и ЕУ
Работниците и газдите да не одат на суд
СДСМ ќе поднесе иницијатива за Национална стратегија за медиуми
Оригинален документ од предлогот на Нимиц во 2005 година
Отворена манифестацијата „Денови на занаетчиството 2012“
Нов бран и во ДУИ
Во администрацијата ќе се воведе систем заснован на компетенции
Царината доби опрема вредна 30.000 долари
Рекорд во Германија - Сонцето замени 20 нуклеарни централи
Собранието расправа по ребалансот на Буџетот за 2012
Данци со сомалиско потекло уапени поради тероризам
Случаен минувач ранет во скопски Аеродром
Нов земјотрес во Италија, бројот на загинати расте
Црвенковски - Груевски во 2005 одби предлог - Republic of Macedonia
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Ставрески
Џемс Бонд од нашиот сокак
Грчките вили пресолени за македонски купувачи
Агрокомбинатот „Џумајлија“ во претстечајна постапка
Светот е бесен по масакрот во Сирија
Грчки историчар бара помош од Путин за Вранишковски
Тешки криминалци во грчката „Златна зора“
Тешко пов��еден македонски државјанин во сообраќајка во Србија
СДСМ предлага мерки за реформа на јавната администрација
Иванов - Можеме да бидеме горди на македонските војници
Предавања на медицинскиот тим на „Аџибадем Систина"
Жена загина во експлозија на бомба на пазар во Бихаќ
„Темјаника“ на „Тиквеш“ доби бронзен медал во Лондон
Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 27 луѓе
Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк
Државата дава под закуп 8.703 хектари земјоделско земјиште
По поразот, Тадиќ се готви за премиер
Европско решение на спорот за името
Собранието ќе расправа за интерпелација на Ставрески
Уапсен член на АНА кој планирал атентати во Македонија и Косово
Го бркал соседот со секира за паркинг-место
На Прометеј му облекоа гаќи
Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Осум цивили загинале во воздушен напад на НАТО во Авганистан
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Трпе, 28.05.2012 15:59:59
Циганката која го фалеше владеењето на ова власт беше многу стара и умре.По заминувањето на ова власт кој и да дојде на власт и да го ангажира најстручниот светски економист БДП на РМ ке биде во негатива.Поради квалитетното работење на кум Ставре и неговиот шеф мистер мр.Рејтинг.
anti-patriot, 28.05.2012 16:04:58
uf ,uf ,uf.kako ne e podobra ekonomijata sega od taa vo vremeto na sdsm.prasajte gi lozarite,tutunarite,i site zemjodelci i stocari,od subvenciite nema ni traga ni glas,stavreski uporno ja sminka ekonomskata realnost,te ekonomskiot rast ke bil 4%,a ona nie do krajot na godinata ke otideme vo teska bula,se zapearsal li kolku e javniot dolg i kolku e zadolzena sega makedonija,ako ne se zemaa krediti namse ni za plata za bugetarite.
Дарко, 28.05.2012 16:23:38
Насловот на оваа статија е најголемиот fail што сум го прочитал во последните 10 години
молба, 28.05.2012 18:15:19
Ве молам да не ја подобрувате економијата и понатаму на овој начин оти со вакви подобрување ќе умреме од глад.
PEro, 28.05.2012 18:22:53
Ja ustvari nemam komentar na muabetov
smeski, 28.05.2012 18:29:51
Statistikata sluzi za kvantifikuvanje na postoeckata ekonomska slika, a ne za nejzino definiranje i modeliranje vo odnos na zelbite na toj sto gi pravi statistikite. Sekoj sto se razbira vo statistika kje vi kaze deka od skoro sekakvi brojki moze da se napravi popovolna ili ponepovolna slika. Realnosta e reper. Subjektivnoto cuvstvo kolku dobivas za parite sto gi zarabotuvas. Bitni se nultite hipotezi od koi se trgnuva. Mene tie me interesiraat. A BDP i stapkata na porast se kompleksni merila koi zavistat tokmu od statistickite kapaciteti na zemjata koi vo nasiov slucaj sekogas se stavaat vo sluzba na vlasta. Imate primer vo Grcija, kade posle izviranjeto na povrsina na vistinskata zadolzenost, se otkrivaat beskrupuloznite statisticki manipulacii za da se fingiraat kriteriumite za dobivanje novi krediti... A deka nasiot porast i snizuvanje na stapkata na nevrabotenost se cisti stat. manipulacii à la grecko, mislam deka i na najtvrdokornite vmrovci im e jasno..
trajce, 28.05.2012 18:45:20
Ne se soglasuvam! Licno mojot zivot a i zivotot na tie okolu mene vo vremeto na sdsm bese najmalku 3 pati podobar od izminative nekolku godini!
od stefan, 28.05.2012 19:30:21
mojot izvot i zivotot na mojata familija e mnogu podobar sega otkolku vo vremeto na SDS!si uzivame sea!pozdrav
isan, 28.05.2012 19:39:39
od kade ti se ovie podatoci,a tuku zaboraviv sami si gi pravite!.stavreski ne tuku tropaj gluposti,vo makedonia e beda a ti kazhuvash sme najmalku zadolzeni.izlezi so obicni ludge da pozboruvash,ne od kancelaria kako ca ti napishat taka da laish.otrezvenise aloooo!!!!
bitolaman, 28.05.2012 20:42:39
Ubavo e da si igras so vesela matematika,ama realnata matematika veli vaka:Ako brojot na nevraboteni se namali za skoro 80 iljadi lica,togas dali brojot na vraboteni lica se zgolemi za tolku? E sega ke vi go kazam i odgovorot-NE. I vladinata statistika veli deka brojot na rabotnici vo stopanstvoto e namelen.se zgolemi brojot na vraboteni vo administracija,sto e losho. Toa se porazitelni realni brojki za sekoja ekonomija.stavrevski neka ne manipulira so narodot tuku treba da se zasrami.
Stojko, 28.05.2012 20:55:42
3 x 0 = 0 P.S. Za toj sto cita premnogu selektivno gi objavuvate komentarite.. Slucajno?
Makedonija e fantasticna, 28.05.2012 22:52:01
Bravo Stavreski a da nebese eu krizata sigurno ke bese za edno 6 pati podobro koj raboti i ima............
bez trag, 28.05.2012 23:45:18
Do STEFAN bravos STEFAN GRAHCE jadite e nie i toa nemame...Kako nemate stram za realnosta vi se cudam,ili Gujo ti ima dadeno nekoe FUNKCICE pa jadis GRAHCE...
demokrat, 29.05.2012 01:23:26
Dajte vo skoro vreme uste edna interpelacija za da padne nevrabotenosta uste nekoj procent, da ni se zgolemi proizvodstvoto i da ni se namali dolgot. Stavrevski e blisku do Nobelovata Nagrada za Ekonomija, blagodarenie na SDSM!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |