Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
28.05.2012, 18:57

Мое ќоше

Ќе се кастрираат коњите и лавовите

Ерол Ризаов

Владина комисија треба да ги провери коњите и лавовите кои се со мадиња, а кои се без нив

Митовите како и историјата се многу значајни и корисни под услов да не станете нивни заробеници. Кога се примаат во нормални дози, тие ја одржуваат колективната гордост и достоинството на нацијата, го негуваат патриотизмот и љубовта кон татковината. Многу често се инспирација на уметниците и творците во сите области на културата и творештвото, науката, спортот... Најголемите светски ремек-дела низ целата човекова историја се создадени под влијание на митовите од античките времиња до денес. Во областа на литературата, поезијата, драмата, сликарството, скулптурата, архитeктурта, градежништвото, музиката, ненадминати се делата инспирирани од приказните и преданијата за односите меѓу боговите и луѓето и во перидот на многубоштвото и во ерата по Христа.

Македонската споменикоманија на античките јунаци и митови ја дочекавме неподготвени. Од една страна, повеќе исполнети со политички, патриотски и партиски фрустрации, а осиромашени со образование и знаење, од друга страна, брзината и тајноста на изградба на споменици не ни остави многу време да научиме кому и во чија слава се градат толкави зданија на плоштадите. Не станува збор за нашите големи предци што ги знаеме отсекогаш, откако знаеме за себе. Се работи за овие новите кои биле наши, а некој ни го криел тоа, не ни кажувал, намерно не' лажел, да не научиме од каква славна и голема лоза потекнуваме. Не' држеле во мрак и ропство како Кинта Кунте да не си ги знаеме корените кои биле длабоки до Олимп каде што заседавале старогрчките или, ако повеќе ви се допаѓа, старомакедонските богови. Сето тоа ни прави мачнотија и непријатност, а често знае да предизвика лутина и бес. Замислите, наши предци се, а не знаеме кој се. Тамам научивме како се вика татко му на Александар, кога не' изненади мајка му Олимпија. Деновиве еден мој близок пријател високообразован, инаку со докажано античко педигре со заверено ДНК од научен институт во Швајцарија, беше видно разочаран кога слушна дека полусестра му на Александар се викала Тесалоники. Неговиот коментар беше генијален, рече: Па тогаш подобро да го викаме Тесалоники отколку Солун. Значи ли тоа дека Словените седум пати ни го опсадувале градот, му велам. Ме погледна бело. Тажна е таа конфузија во главите на новите антички Македонци.

Неисе, во моментот најактуелна и најпоучна е приказната за Прометеј поставена во паркот „Жената-борец“ во Скопје спроти парламентот. Додека се' уште трае возбудата од скандалот со покривање на неговата машкост и високоморалната успешна мисија на власта да му облече гаќи на Прометеј, прашав 20 мои блиски пријатели кој бил Прометеј и што знаат за него. Резултатот е катастрофален иако станува збор за образовани луѓе, ама очигледно многу обични и многу нормални. Првата реакција кај 90 отсто од испитаниците беше „ај не ме заебавај сега, имаш ли ��и попаметна работа“. Цели седумдесет отсто од нив беа воздржани и не сакаа да се изјаснат. Интересно, еднакво ме откачија и Македонците, и Турците, и Власите и Албанците. Цели десет отсто одговорија во стилот - абе нешто има со огинот тој им го дал огинот на луѓето, па за тоа го казниле боговите и го оковале на некоја карпа на која секој ден орелот му ги јадел џигерите... А дали слушнавте за споменикот на Прометеј што му се гледал алатот, па сега му облекле бронзени гаќи да не ги срами анамите наши и госпоѓите ваши кога поминуваат низ паркот. Добив фантастичен одговор. Сто отсто, како од пушка, одговорија точно без оглед на нација и вера. Морам да менувам кај себе некои работи и предрасуди. Доцна ми е да барам нови другари. Сите до еден беа приврзаници да си остане Прометеј како од мајка роден. Не им пречело ништо на овие мои безбожници. Велат дека во парковите имало повеќе голи егзибиционисти кои им ги покажувале своите машкости на жените во живо многу попежоративно отколку што тоа може да го предизвика бронзата. Подобро, велат, на овие некој да им облече гаќи отколку на спомениците. Како ексклузивно го издвојувам прашањето кое ми беше поставено мене, а на кое немам одговор. Дали во заштита на јавниот морал не треба да се кастрираат ергелите коњи и на многубројните лавови на македонските плоштади. Или можеби е најдобро прво една владина комисија да провери кои животни во спомен-обележјата се со мадиња, а кои без нив, па потоа да поминеме на работа.

Ете тоа се многу значајни работи од стратегиски интерес за иднината на Македонија.


Статијата е прочитана 2177 пати.

Испрати коментар



Мелено рибешко
Администрацијата во предизборен клинч
Кому не му треба Привремената спогодба?
Грчките вили пресолени за македонски купувачи
Колку не' чини победата во Хаг?
Опозицијата против Ставрески



Proshetal Grujo rashetal, 28.05.2012 21:16:08
Nitu vashite anamii, nitu nashite gospodji, nitu pak do ochi pokrienite albanki (ne znam kako se vikaat) nemaat nishto protiv goliot Prometej, naprotiv! Problem sme mazite (shovinistite) na koi shmizlite ne ni smetaat, ama ovoj ni smeta. Mozebi e i dobro da e taka, vo sprotivno bi bile od sortata na Boki-13. Neka mi Boki prosti, ama od mashki rod mi se navistina gadi, odnosno shto bi rekol Grujo mi se machi ili me faca machnina (taka nekako). Auu, pa tek sega mi tekna zoshto chovekot ne otide za Chikago, pa tamu e bil *bal pedera*. A nemu mu se machi od belosvetskite pederi i ligavci!!! Vo pravo si premieru, i mene mi se machi od niv. Ma ko im j... mater pedersku!!! PS: Eden od *umetnicite/kradachite*objasnuvashe na TV deka skulpturite na lavovite namale *takvo*.??? Proshetajte do mostot GD i ploshtadot, i proverete, za sekoj sluchaj.
V.Spogodba da se raskine,negira samoopredeluvanjeto, 29.05.2012 00:20:28
NACRT REZOLUCIJA Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON, Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat, Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, , i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina, Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON, Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
Itar Pejo, 29.05.2012 00:29:55
Informirani sme za Aleksandar, za tatko mu, za majkamu, eve i za polusestrata! A nisto neznaeme za soprugot. Bi go zamolil avtorot, koj sto e erudit (vmrovcite ne znaat sto znaci ovoj zbor, ama ne e vazno) da ni napise nekoj zbor i za soprugot. Pa od niv dvajcata poteknuvaat site denesni anticki makedonci. Treba da si gi znaat predcite, dosta komunjarite ni ja krijat vistinata.
Хера, 29.05.2012 00:33:16
Во паркот уништија дрвциња, трева, цвеќиња ... а насадија некои грди креатури без некоја поента. Демек не се разговарало за вкусот - ма немој, и за луѓе со минимум чуство за естетика исклучително се грди. Ај настрана естетиката, екологијата, цената, лошиот временски тајминг,... туку еве по прашањетото за симболиката на целиот комплекс, знае ли некој од вас која е поентата да се стави оној малечок, з��атнобоен Прометеј до оние потемни, огромни споменици-револуционери кои изгледаат како чичковци кои седнале да вечераат? Случајно Груевски да не се идентификува со Прометеј преку симболиката на огнот т.е. просветлувањето? Прометеј се жртвувал за доброто на народот, а Грујо? Можно е наскоро да никне и Зевс спроти Собрание???
USA, 29.05.2012 05:10:55
Aj, ne zaebavaj!!!
Gajver, 29.05.2012 08:07:42
А бе при кастарцијата да не добијат сепса.
Mirko, 29.05.2012 08:58:59
Ako vaka se nastavi i nie zivi ke ostaneme bez madinja, ako i do sega ne sme ostanale bez niv.
ФЕЛИКС, 29.05.2012 09:27:07
Би се задржал околу кастрацијата,и нормално кој тоа прави или консумира вакво нешто.Кастрирањето е од повеќе причини,некогаш како казна а некогаш како превентива во земјите султанати.Таму пазачите по харемите биле кастрирани,да не прават бељи при толку женски свет.Тука ние на сцена имаме два вида кастрации,едната изборна другата ментална во обид.. Менталната кастрација во обид ни ја прави власта кога нејзини дејци ни објаснуваат кој сме и што сме без да не прашаат како се чуствуваме ние по сопствен избор.Изборната кастрација е одамна присатна,веќе пола деценија со продолжеток. Кастрираните не се свесни зошто и поради што се случува ова.Мислат евнухот треба да биде султан.Па така ова би го парафразирал со турската поговорка за селанецот и бегот.Па така ,,евнух султан не бидува,и ако го биде него личи,,.
Кераунос, 29.05.2012 10:36:31
Ај што го кастрираа Прометеј,Ерол,во случ ајов тоа е само скулптура( но симбиликата е голема)го кастрираа сопствениот народ и тоа сосема.Ќе се најде ли хирург да направи тра нсплатациј кај македонскиот народ но,да му вметне биволски мадиња зошто богами на *ТРАЈЧЕ*токму такви му требаат.Не можам да разберам дека овој народ кој се бунтувал во византиски,во турско,во српско,во бугарско, против фашизмот сега во правасмисла на збо рот е ТРАЈЧЕ.Трај Трајче.Зошто би ти биле мадиња и кога би ги имал???? Со почит Ерол
До Кораунос, 29.05.2012 11:47:40
Велиш Не можам да разберам дека овој народ кој се бунтувал во византиски,во турско,во српско,во бугарско, против фашизмот..... Ај не заебавај!!! Да се бунел не би бил тоа што е денес, без мадиња, кичма и памет.
Наташа, 29.05.2012 13:08:53
Несомнено во уметноста мислата на уметникот, доколку навистина станува збор за уметничко дело, дозволено е да се прифаќа различно во зависност од индивидуата. Затоа актуелната скулптура на Прометеј некој и покрај тоа што е облечена во гаќи може и понатаму да ја перципира како гола или како скулптура на Иво Лола Рибар кој ја носи штафетата. Мислата ми е во нешто друго и за тоа ќе цитирам извадок од делотoто на Нехру Мојата слика на светот каде авторот вели: Минатото е нешто свето и недопирливо мо да се живее само со минатото е рамно на умирање
Султан Сулејман-хан, 29.05.2012 14:54:35
Фаликсе , пак си избегал од харемот! Зумбуљ-ага ќе работи и за тебе?!
Македоналдс, 29.05.2012 15:54:20
г.Груевски кој е следниот грчки историски лик на кој ќе издигнете споменик? Најверојатно тоа го правите со единствена цел - Грција да биде максимално провоциранa и да има железни аргументи пред светот за својата тврда позиција. А потоа, таму каде што ви минуваат евтините трикови (само во македонските медиуми и во македонското општество, се разбира) како лут германски националист од 1933г. ќе покажувате со прст колку е лош непријателот - и Грците како Бугарите не ни дозволуваат да им ja крадем историјата и да се нарекуваме такви какви пожелаем, а не такви какви што сме. За жал откако сте на политичката сцена сте свртат само кон историјата од создавањето на светот до ден денешен, а мај требаше да бидете поинаку на 180 степени - кон иднината.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |