31.05.2012, 10:34 Најмалку седум луѓе загинаа во бомбашки напади во Багдад
Во денешната серија бомбашки напади во Багдад загинаа седум луѓе, а најмалку 14 се повредени, соопштија безбедносни и медицински извори.
Најсмртоносниот напад се случи северно од Багдад во Шуали, каде експлодира автомобил-бомба при што загинаа најмалку четири лица, а повредени се 14.
Напади имаше и во Ал-Амријах, во Газалијах и во Јармук во западниот дел на Багдад, како и во Дора, јужниот дел од главниот град на Ирак.
Сите напади биле изведени во периодот од осум до девет часот по локално време
|