Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
31.05.2012, 10:12
Светот го одбележува Денот против пушењето



Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун испрати порака по повод 31 мај, Светскиот ден против пушењето

Во пораката се вели дека годинава Светскиот ден против пушењето се случува во период во кој тутунската индустрија презема се поагресивни чекори за да ги намали глобалните заложби за намалување на опасностите од употребата на тутунските производи.

- Додека владите и меѓународната заедница се обидува да примени ефективни мерки за намалување на употребата на тутунските производи и да го заштити здравјето на населението, на нивните напори агресивно се спротиставува индустријата, чии производи ги убиваат луѓето. Тутунските производи убиваа предизвикувајќи карцином, срцеви и респираторни болести кои претставуваат едни од водечките незаразни болести кои можат да се превенираат, се вели во пораката.

Секоја година околу пет милиони луѓе умираат поради тоа што користат тутунски производи. Дополнително, 600.000 луѓе умираат поради секундарна изложеност на тутунскиот чад.

Употребата на тутунските производи има продорни, тешки последици. Во пораката генералниот секретар нагласува дека тутунските производи го успоруваат развојот и ја влошуваат сиромаштијата.

- Тутунските производи и сиромаштијата создаваат маѓепсан круг, бидејќи сиромашните се тие кои најмногу пушат тутун, а тие и го носат најголемиот економски товар и оптеретувањето со болести кои се добиваат од користење на тутунот. Бидејќи, парите се трошат за тутунски производи, тие не можат да се искористат за купување храна, плаќања во образованието и здравствената заштита. Употребата на тутунски производи се повеќе расте во земјите со низок приход кои се најмалку опремени да се справат со последиците од употреба на овие производи, вели Бан Ки-мун.

Рамковната Конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација со 174 држави-членки стана еден од најбрзо прифатените договори во историјата на ООН, по нејзиното стапување на сила во 2005 година. Во политичката Декларација усвоена на состанокот на највисоко ниво за незаразните болести мината година, меѓународната заедница ја потврди својата детерминираност за намалување на расположливоста и користењето на тутунските производи.

- Контролата на тутунските производи е основана за постигнување на глобалните развојни цели. Ако не ги зголемиме нашите напори за нивна котрола, тутунот ќе убие до една милијарда луѓе во овој век. Интересите на тутунската индустрија и јавното здравство се директно спротивни. Од кога Рамковната Конвенција стапи на сила, индустријата за тутунски производи се бори против заштитните мерки предвидени ��о Конвенцијата без да води сметка за здравјето на луѓето. Но, имаме прогрес. Некои држави успеаа да го намалат пушењето тутун за 25 отсто и тоа само за период од три години од примената на строгите контролни мерки кои се во согласност со Рамковната Конвенција, се вели во пораката.

На денешниот ден генералниот серетар на ОН Бан Ки-мун ги поттикнува сите влади и граѓанските здруженија да превенираат индустријата за тутунски производи да наштети во примената на Рамковната Конвенција.

По повод Светскиот ден против пушењето, пред Спомен куќата на Мајка Тереза денеска ќе биде реализиран проектот „Овошје за цигара“. Акцијата ќе се одвива од 10 до 19 часот на отворен штанд на кој граѓаните ќе бидат поттикнати да ги остават цигарите, да се погрижат за своето здравје, воведувајќи нови навики и здравствени реформи во својот живот. Ќе биде промовиран Петдневниот план за одвикнување од пушењето, кој е прифатен и одобрен од Светската здравствена организација, Американската здравствена асоцијација, Здружението за борба против ракот и Белодробна асоцијација на САД.












Статијата е прочитана 302 пати.

Испрати коментар



Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Ципрас останува на грчките црвени линии
Петмина ранети во Косово
Иванов - Безбедносната состојба не е загрозена
Георгиевски не случајно тргна од Охрид
Нови тарифни постпејд-модели на „Т-мобиле"
Николиќ ја презеде должноста претседател на Србија
Јанкулоска - Во „Монструм“ испочитувани правилата на полициско однесување
Ставрески - 450 милиони евра за поддршка на економијата
Црвенковски и Жерновски разговараа за соработка
Груевски - Прифативме референдум, а не предлог за името
Либерализиран превозот на стока меѓу Македонија и Полска
Сарачини - Не очекував да нема понуди за купување на ОХИС
Денеска и утре локално невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
До 15 јули ќе се знае судбината за тендерот на Чебрен и Галиште
Пратенички прашања во Собранието
Кумановец убиен во дворот на семејната куќа
Командант Бреза се бори за живот по тешка сообраќајка
ЕУ се надева на ирско „Да“ за фискалниот пакт
Најмалку седум луѓе загинаа во бомбашки напади во Багдад
Папандреу - Грција не е проблем
Вооружен напаѓач убил петмина и се самоубил
(ФОТО) Велосипедистите излегоа на протест
Волерс - Исходот од самитот во Чикаго не е негативен резултат
Опозицијата за ребалансот - Ако е криза, нека биде криза за сите
Судот ги распраша сите обвинети за убиството во ГУЦ
Директор сексуално злоупотребувал ученици
Груевски - Црвенковски се издрибла самиот себе
Црвенковски го повикa Груевски на ТВ дуел
Џулијан Асанж ќе и биде екстрадиран на Шведска
Избрани тројца обвинители за скопското јавно обвинителство
Седми Баскерфест во Скопје од 1 до 10 јуни
Чарлс Тејлор осуден на 50 години затвор
Анкета на ИПИС - ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг
Спречени терористички напади за време на Евросонг
Попоски - Македонија останува на патот кон НАТО и ЕУ
Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |