Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.05.2012, 13:04
Чарлс Тејлор осуден на 50 години затвор



Специјалниот суд за Сиера Леоне денеска го осуди поранешниот претседател на Либерија, Чарлс Тејлор на 50 години затвор.

Тејлор во април беше прогласен за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото по сите 11 точки од обвинението, вклучително и помагање и поттикнување на бунтовниците во Сиера Леон, кои убија и осакатија околу половина милион луѓе за време на граѓанската војна (1992-2002).

Тејлор (64) е обвинет дека го помагал Револуционерниот обединет фронт (УРФ), чии припадници со дијаманти му плаќаа за оружјето што му го доставуваше.

Специјалниот суд за Сиера Леоне го обвини и за поттикнување на геноцид во земјата, за убиства, за силувања, за формирање на единици од деца од освоените села, како и за сексуално ропство за време на граѓанската војна.

Судот смета дека Тејлор знаел за бруталните силувања, убиства, сакатења на цивилите и оти ништо не презел да ги спречи злосторствата, туку напротив ги вооружувал и финансирал припадниците на УРФ.

Тејлор профитирал во трговијата со така наречените крвави дијаманти, кои ги користел за понатамошно финансирање на судирот во Сиера Леоне.

Судењето од Специјалниот суд за Сиера Леоне беше преместено во Холандијам поради страв од судири и нестабилност во односите меѓу Сиера Леоне и соседна Либерија.

Тејлор е во притвор од 2006 година и е прв шеф на една африканска држава осуден пред меѓународен суд за воени злосторства.

Обвинителството бараше казна од 80 години, додека адвокатите на Тејлор побараа казна која би му „оставила надеж“ дека ќе излезе пред да умре.

Одбраната и обвинителството имаат две недели рок за поднесување на жалба на пресудата.

Судот претходно соопшти дека Тејлор казната ќе ја отслужува во британски затвор.

Тејлор од 1997 до 2003 година беше претседател на Либерија.







Статијата е прочитана 662 пати.

Испрати коментар



Путин нема да го бојкотира ЕП во фудбал во Украина
Николиќ се заложи за прекин на судирите на Косово
Доживотна казна затвор за Мубарак
Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Ципрас останува на грчките црвени линии
Петмина ранети во Косово
Иванов - Безбедносната состојба не е загрозена
Георгиевски не случајно тргна од Охрид
Нови тарифни постпејд-модели на „Т-мобиле"
Николиќ ја презеде должноста претседател на Србија
Јанкулоска - Во „Монструм“ испочитувани правилата на полициско однесување
Ставрески - 450 милиони евра за поддршка на економијата
Црвенковски и Жерновски разговараа за соработка
Груевски - Прифативме референдум, а не предлог за името
Либерализиран превозот на стока меѓу Македонија и Полска
Сарачини - Не очекував да нема понуди за купување на ОХИС
Денеска и утре локално невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
До 15 јули ќе се знае судбината за тендерот на Чебрен и Галиште
Пратенички прашања во Собранието
Кумановец убиен во дворот на семејната куќа
Командант Бреза се бори за живот по тешка сообраќајка
ЕУ се надева на ирско „Да“ за фискалниот пакт
Најмалку седум луѓе загинаа во бомбашки напади во Багдад
Папандреу - Грција не е проблем
Светот го одбележува Денот против пушењето
Вооружен напаѓач убил петмина и се самоубил
(ФОТО) Велосипедистите излегоа на протест
Волерс - Исходот од самитот во Чикаго не е негативен резултат
Опозицијата за ребалансот - Ако е криза, нека биде криза за сите
Судот ги распраша сите обвинети за убиството во ГУЦ
Директор сексуално злоупотребувал ученици
Груевски - Црвенковски се издрибла самиот себе
Црвенковски го повикa Груевски на ТВ дуел
Џулијан Асанж ќе и биде екстрадиран на Шведска
Избрани тројца обвинители за скопското јавно обвинителство
Седми Баскерфест во Скопје од 1 до 10 јуни
Анкета на ИПИС - ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг
Спречени терористички напади за време на Евросонг
Попоски - Македонија останува на патот кон НАТО и ЕУ
Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |