Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
30.05.2012, 20:22
Ракометарките чекор поблиску до ЕП



Македонската женска ракометна репрезентација попладнево во Паневезис ја совлада Литванија со 32:24

Македонската женска ракометна репрезентација со победата над Литванија, направи голем чекор напред кон пласманот на Европското првенство во Холандија.

На натпреварот одигран попладнево во Паневезис, а во рамките од 5-коло на групата „4“ македонските ракометарки славеа победа од 32:24 (полувреме 14:14).

Иако нашите ракометари во текот на првиот дел имаа најчесто два гола разлика, а во 27. минута и позитива од 3 гола (12:9), сепак Литванките предводени од Лаима Бернатавичиуте и нејзините 9 голови во првото полувреме, ја анулираа негативата односно на одмор заминаа со резултат 14:14.

По седум минути игра во вториот дел избраничките на селекторот Гино Стрезовски стигнаа од 5 голови предност (21:16), која се покажа како клучна за конечниот исход, покрај третото исклучување на најефикасната литванска ракометерака Бернатавичиуте (12 голови).

Најефикасна во нашата репрезентација беше Елена Георгиевска со 8 голови, а свој придонес имаа и Драгана Пецевска со 6 и Јулија Николиќ и Мирјета Бајрамовска со по 5 гола.

Во вториот натпревар од оваа група Турција е поразена од Франција со 23:36 (полувреме 13:14).

На табелата Франција останува водечка селекција сега со 8 бодови, пред Македонија со 6, Турција со 4 и Литванија со 2.

Во последното коло, нашите ракометарки го играат натпреварот против Турција, селекција преку која треба да го потврдат пласманот на Европскиот шампионат. За место меѓу најдобрите селекции на стартиот континент на избраничките на Стрезовски доволен им е и нерешен резултат.

Натпреварот Македонија – Турција е закажан за в недела во СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток 20 часот и 15 минути.зс




Статијата е прочитана 1385 пати.

Испрати коментар



Бостон се врати во игра во финалето на Истокот
Надежите им подарија бод на Фарски Острови
Прв пораз за Сан Антонио по 20 победи
Вардар доби дозвола од УЕФА за настап во еврокуповите
Горан Пандев останува во Наполи!
Страмачони на клупата на Интер до 2015 година
Македонија е за промени во ФИБА-Европа
Убиен македонскиот ексолимпиец Гаџиханов

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |