Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
31.05.2012, 12:56
Сарачини: Не очекував да нема понуди за купување на ОХИС



„Ќе работиме во насока на изнаоѓање стратешки партнер или пак да се договориме да се смени моделот на продажба и да најдеме некој друг модел кој на крајот ќе успее“.

Ова го изјави министерот за економија Ваљон Сарачини во одговор на прашање за причините за пропаднатиот тендер за продажба на ОХИС пред почетокот на „Форумот за развој на мали хидроцентрали, регулатива, финансирање и инвестициски предизвици“.

- Не очекував дека нема да имаме понуди на тендерот за продажба на ОХИС, бидејќи како Влада направивме доста за да подготвиме тендерска документација која ќе биде во согласност со синдикатот, со вработените и со инвеститорите. Имавме контакти со потенцијалните инвеститори до пред десет дена, но дали ги предомислија бројот на вработените, штрајкот или оставката на директорот на само недела пред истекот на крајниот рок за доставување понуди на тендерот или, пак, се работи за некоја друга причина, сепак крајниот резултат е познат дека немаме ниту една понуда, изјави Сарачини.

Се надевам, нагласи, дека нема да ги оставиме на цедило вработените.

- Побарав состанок со претставници од синдикатот, поточно со Пеце Ристевски и се договоривме до понеделник да се видиме и заедно да работиме за да го решиме проблемот, истакна Сарачини.

На некоја од наредните седници на Владата, додаде, ќе се назначи нов директор на ОХИС.

Во врска со исплатата на заостанатите плати за вработените во ОХИС, министерот за економија рече дека кажал оти декемвриската плата ќе биде исплатена до 15 мај, платата за јануари до 10 јуни, останатите плати во износ од 15 милиони денари ќе бидат исплатени до 30 јуни по ребалансот на Буџетот и ќе бидат обезбедени од страна на Владата.

- Тие 15 милиони денари ќе бидат една, две или три плати во зависност од тоа колку луѓе работеле во тој период, појасни Сарачини.

Вчера истече крајниот рок за доставување понуди за купување на ОХИС по почетна цена од 14.000 евра. Иако првично беше покажан интерес од две бугарски и една македонска компанија никој не достави понуда за купување.

Пешевски: Потребно е да се направи приспособување на моделот за приватизација на ОХИС

Продажбата на ОХИС, откако пропадна последниот тендер на кој не беше доставена ниту една понуда, повторно ќе биде разгледувана на некоја седница на Економскиот совет.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на првото Бизнис екселент шоу, рече дека Владата очекувала на последниот тендер да добие барем една понуда. Но, додава, сепак секогаш кога Владата настојува се чини да задржи што поголем број или сите вработени во друшвата кои се предмет на приватизација тоа не наидува на особено голем прием кај инвеститорите. Ќе биде потребно да се направи одредено приспособување на моделот, но интенцијата да се најде стратешки партнер и за ОХИС, но и за другите претпријатија останува и натаму, изјави Пешевски.

Тој потенцира дека сега не се размислува за отпуштање вработени од компанијата и оти кога ќе биде развиен новиот модел ќе биде информирана јавноста.

Тендерот за продажба на ОХИС заврши вчера и до крајниот рок не беше доставена ниту една појава, иако четири компании подигнаа тендерска документација.

Пешевски, по последните објавени податоци за падот на индустриското производство, не смета дека Македонија ќе влезе во рецесија.







Статијата е прочитана 1062 пати.

Испрати коментар



Николиќ се заложи за прекин на судирите на Косово
Доживотна казна затвор за Мубарак
Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Ципрас останува на грчките црвени линии
Петмина ранети во Косово
Иванов - Безбедносната состојба не е загрозена
Георгиевски не случајно тргна од Охрид
Нови тарифни постпејд-модели на „Т-мобиле"
Николиќ ја презеде должноста претседател на Србија
Јанкулоска - Во „Монструм“ испочитувани правилата на полициско однесување
Ставрески - 450 милиони евра за поддршка на економијата
Црвенковски и Жерновски разговараа за соработка
Груевски - Прифативме референдум, а не предлог за името
Либерализиран превозот на стока меѓу Македонија и Полска
Денеска и утре локално невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
До 15 јули ќе се знае судбината за тендерот на Чебрен и Галиште
Пратенички прашања во Собранието
Кумановец убиен во дворот на семејната куќа
Командант Бреза се бори за живот по тешка сообраќајка
ЕУ се надева на ирско „Да“ за фискалниот пакт
Најмалку седум луѓе загинаа во бомбашки напади во Багдад
Папандреу - Грција не е проблем
Светот го одбележува Денот против пушењето
Вооружен напаѓач убил петмина и се самоубил
(ФОТО) Велосипедистите излегоа на протест
Волерс - Исходот од самитот во Чикаго не е негативен резултат
Опозицијата за ребалансот - Ако е криза, нека биде криза за сите
Судот ги распраша сите обвинети за убиството во ГУЦ
Директор сексуално злоупотребувал ученици
Груевски - Црвенковски се издрибла самиот себе
Црвенковски го повикa Груевски на ТВ дуел
Џулијан Асанж ќе и биде екстрадиран на Шведска
Избрани тројца обвинители за скопското јавно обвинителство
Седми Баскерфест во Скопје од 1 до 10 јуни
Чарлс Тејлор осуден на 50 години затвор
Анкета на ИПИС - ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг
Спречени терористички напади за време на ��вросонг
Попоски - Македонија останува на патот кон НАТО и ЕУ
Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Гајвер, 31.05.2012 16:55:04
Е мој министре. Се што лета не се јаде. И на поклон да го дадете ОХИС никој нема да го земе под тие услови што сте ги навезле таму. Никој не е луд да купи проблем. Пази молимте, да ги задржат сите работници, да го зголеми бројот на работници, да ја задржи дејноста и на крај сите долгови на глава на инвеститорот. Па ако тоа функционираше добро немаше ОХИС да дојде во таква состојба како што е сега. Мизерија сте бре и само го лажете овој народ.
baron, 01.06.2012 00:16:53
I nikoj nema da ja kupi ke se rusi i ke se gradat zgradi stanovi ,problemot e sto nikoj neke da frli pari za ohis e sto mk ne e stabilna kao prvo sudstvo,ne stabilna vlada i golema korupcija i ne stabilna politika i ne stabilna media partiski i zatoa nikoj ne zaintersiran vo vakvi drzavi da investira vo mk uste se spije vo cel svet narodot se razbuduva a vo mk spije ,i sto i spijat i uvek se birat istite luge koi sto nikoj od niv ne e dobro nameren za narodot za ubavo da im bide a tie poticari ama bas im je gajle za narod .
aco, 01.06.2012 07:40:01
Sto prestavuva tuka Ristevski koga nema clenstvo se na ulica, sto stitese do sega

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
Најчита��иНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |