Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.05.2012, 20:14
Волерс: Исходот од самитот во Чикаго не е негативен резултат



„Самитот не е катастрофа за Македонија, бидејќи проширувањето на НАТО воопшто не беше на агендата“, вели американскиот амбасадор

Исходот на самитот во Чикаго не е катастрофа, тоа не е негативен резултат за Македонија, бидејќи проширувањето на НАТО воопшто не беше на агендата, изјави американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс денеска на средба со новинарите.

- Во некои области во Македонија имаше фрустрации, како во процесот на интеграциите во НАТО и во Европската Унија. Овие фрустрации се очекувани кога сакате да станете членка на НАТО, а не можете. Државниот секретар Хилари Клинтон даде јасна порака дека вратите на НАТО остануваат отворени за проширување за сите земји кандидати, особено за Македонија. За приемот на Македонија не е потребно да се чека следниот самит на НАТО, изјави амбасадорот Волерс, кој додаде дека на самитот во Чикаго 90 проценти од агендата била фокусирана на транзицијата на мисијата на НАТО во Авганистан и оти проширувањето не било дел од агендата.

Амбасадорот Волерс подвлече дека одлуката за проширување на НАТО мора да се донесе со согласност на сите земји членки. Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој оцени дека Грција ја прекршила Времената спогодба со попречувањето на македонскиот прием во НАТО во 2008 година, според Волерс не создава обврска за Алијансата да ја смени одлуката од Букурешт. Амбасадорот Волерс оцени дека ваквото гледање на одлуката на судот во Хаг од страна на администрацијата во Вашингтон не значи дека САД заземале став кој е поволен за Грција, туку е одраз на начинот на кој се носат одлуки за проширување во рамки на Алијансата.

- Проширувањето на НАТО е исклучително крупна одлука, и за тоа мора да има консензуална согласност на сите членки, изјави амбасадорот.

Запрашан за дискусијата за предлогот на посредникот на ОН Метју Нимиц од 2005 година, амбасадорот Волерс изјави дека не го смета за важно прашање тоа што се случувало во минатото.

За решение на спорот за името, амбасадорот Волерс изјави дека е потребна политичка волја на двете страни, и од Македонија и од Грција, за да се постигне компромис кој нема да биде лесен и ќе претставува болна одлука.

Што се однесува до политичката волја од страна на Грција да се постигне решение, амбасадорот Волерс оцени дека САД ќе почекаат да поминат изборите и да се формира нова Влада во Грција.

Амбасадорот изјави дека САД не гледаат заканувачки тренд во регионот, по петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, потоа од финансиската и политичката криза во Грција и изборот на Томислав Николиќ за претседател на Србија.



Статијата е прочитана 461 пати.

Испрати коментар



Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Ципрас останува на грчките црвени линии
Петмина ранети во Косово
Иванов - Безбедносната состојба не е загрозена
Георгиевски не случајно тргна од Охрид
Нови тарифни постпејд-модели на „Т-мобиле"
Николиќ ја презеде должноста претседател на Србија
Јанкулоска - Во „Монструм“ испочитувани правилата на полициско однесување
Ставрески - 450 милиони евра за поддршка на е��ономијата
Црвенковски и Жерновски разговараа за соработка
Груевски - Прифативме референдум, а не предлог за името
Либерализиран превозот на стока меѓу Македонија и Полска
Сарачини - Не очекував да нема понуди за купување на ОХИС
Денеска и утре локално невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
До 15 јули ќе се знае судбината за тендерот на Чебрен и Галиште
Пратенички прашања во Собранието
Кумановец убиен во дворот на семејната куќа
Командант Бреза се бори за живот по тешка сообраќајка
ЕУ се надева на ирско „Да“ за фискалниот пакт
Најмалку седум луѓе загинаа во бомбашки напади во Багдад
Папандреу - Грција не е проблем
Светот го одбележува Денот против пушењето
Вооружен напаѓач убил петмина и се самоубил
(ФОТО) Велосипедистите излегоа на протест
Опозицијата за ребалансот - Ако е криза, нека биде криза за сите
Судот ги распраша сите обвинети за убиството во ГУЦ
Директор сексуално злоупотребувал ученици
Груевски - Црвенковски се издрибла самиот себе
Црвенковски го повикa Груевски на ТВ дуел
Џулијан Асанж ќе и биде екстрадиран на Шведска
Избрани тројца обвинители за скопското јавно обвинителство
Седми Баскерфест во Скопје од 1 до 10 јуни
Чарлс Тејлор осуден на 50 години затвор
Анкета на ИПИС - ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг
Спречени терористички напади за време на Евросонг
Попоски - Македонија останува на патот кон НАТО и ЕУ
Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



pile, 30.05.2012 20:48:12
Tokmu taka G-dine Ambasador na prijatelska SAD vo R.Makedonija.Spored donesenite zaklucoci na Samitot vo Bukurest 2008 godina,kako i od Haskata presuda koja ja potvrdi onepravdanosta od strana na R.Grcija, NATO Alijansata na Samitot na Cikago nemase obvrska po avtomatizam i bez resen spor da ja primi R.Makedonija, no ke se slozjite deka tovarot koj sto visi kako na Alijansata taka i na SAD po objavuvanje na Haskata presuda, posebno vo delot za mozjna upotreba na Ustavnoto ime vo aktite koi cirkuliraat vo Organizacijata voopsto ne e za zanemaruvanje.Ako Vas ne Ve interesira sto bilo vo minatoto vo vrska so zastojot na patot na evtoatlanskite integracii na mojata zemja, mene kako gragjanin a Drzjavnoto javo obvinitelstvo na R.Makedonija, po sluzjbena dolzjnost treba da go interesira i da gi proveri navodite koj izvrsi PREDAVSTVO,so poklonenie na grobot na Goce Delcev so karta na Golema Makedonija, so preimenuvanje na aerodromot, kako glavni alibi motivi za stavanje veto od strana na R.G.
Poraneshen agent, 30.05.2012 21:07:49
Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.
od ostrijot, 30.05.2012 21:20:19
znaci vo cikago i rezultati imalo samo sto nikoj neznaje za niv.
euro, 30.05.2012 21:37:37
Dajte bre novinari,pocnete da se odnesuvate nad site.Sto e bitno sto misli ambasador na bilo koja zemja za odnosite na partiite a posebno sto misli Volers.Zosto dozvoluvate ponizuvanje na svojata zemja.Negovoto mislenje ne e vazno od prosta pricina sto toa ne e vo negovite ingerencii,imeno prasuvajte go amerikanskata politika ne za makedonskata.Ne ja pravete Makedonija so sila protektorat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |