Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
01.06.2012, 16:21
„Свадбата на Фигаро“ ќе го отвори МТФ „Војдан Чернодрински”



На Театарскиот фестивал од вечерва ќе бидат прикажани 13 претстави

Моника Талеска

Завесата на 47. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој се одржува во Прилеп, ќе биде подигната вечерва и љубителите на театарската уметност ќе добијат можност една недела да уживаат во најновите драмски остварувања на македонските театарски куќи. Според изборот на уметничкиот директор на фестивалот, Петар Темелкоски, во официјална конкуренција ќе бидат прикажани 13 претстави. Ансамблот на МНТ со проектот „Свадбата на Фигаро“ од Бомарше е првата претстава во конкуренција, која ќе ја има честа и да го отвори фестивалот.

Во текот на следните шест фестивалски дена за престижните награди ќе се натпреваруваат: „Вишновата градина“ на битолскиот театар, „Калигула“ во продукција на театарот од градот домаќин, „Животот на Молиер“ од МНТ, „Шехерезада и Шахријар” на турскиот театар, „Змејот“ во продукција на албанскиот, „Онегин“ на велешкиот театар, „Генетика на кучињата“ на Драмски театар, „Со тупаница на нож“ на театарот од Тетово, „Полицајци“ во продукција на охридскиот театар, „Парите се отепувачка“ на штипскиот театар, „Сексуалните нервози на нашите родители“ на струмичкиот театар и „Околиска болница“ на кумановскиот театар.

„Направен е избор на најдоброто од, и така добрата продукција меѓу двете фестивалски изданија“, изјави Темелоски.

Во оф-програмата ќе бидат прикажани: „Звукот на коските“ на Театра продукција, „Волшебникот од Оз“ на Театарот за деца и младинци, „4,48 Психоза“, копродукција на Културниот центар „Квартет“ и МНТ, „Ни ваму, ни таму“ во копродукција на охридскиот театар и продукцијата „Видик“, „Љубовникот“ на студентите на „ЕСРА“ и „Пеани“ на Културниот центар „Скрб и утеха“. Во останатите содржини на оф- програмата спаѓаат и изложби, трибина на тема ,,Театарот и новите форми“, како и чествувањето „Чернодрински за Кирил Ристоски“ во спомен на 15-годишното раководење со фестивалот на великанот на македонскиот театар, Кирил Ристоски, кому годинава постхумно ќе му биде доделена награда за животно дело. А другите двајца годинашни лауреати се академскиот сликар и сценограф: Владимир Георгиевски и Незакет Али, актер во турскиот театар.

Годинешната театарска фешта ќе заврши со свечено доделување на наградите на најуспешните, во чија чест театарот „Комедија“ ќе ја изведе претставата „Ах љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски.





Статијата е прочитана 170 пати.

Испрати коментар



„Скопје креатива“ во игло во Градски парк
(ФОТО) Звучните магии на Куба, Турција и Македонија
Богат викенд на „Оф-фест“
Британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн во филмот „Соба со пијано“
Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Промоција на „Грабнувањето на Европа"
„Оф-фест“ почнува со Хуан де Маркос Гонзалес
Цеца на концерт во Скопје со приватен авион
Грандиозната „Аида“ ги затвора „Мајски оперски вечери“
Се отвора галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“
Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |