03.06.2012, 12:29 Перо Антиќ со Олимпијакос стана шампион на Грција
Неговата екипа во мајсторката од финалето на грчкиот плеј оф синоќа пред своите навивачи го совлада „лутиот“ ривал Панатинаикос со 82:76 и со 3-2 во победи ја освои титулата
Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ по титулата европски првак, ја освои и шампионската титула во Грција со својот тим Олимпијакос.
Неговата екипа во „мајсторката“ од финалето на грчкиот плеј оф синоќа пред своите навивачи го совлада „лутиот“ ривал Панатинаикос со 82:76 и со 3-2 во победи ја освои титулата.
Предводени од тренерот Душан Ивковиќ кошаркарите на Олимпијакос го прекинаа „постот“ од 15 сезони без шампионска титула. Последната „црвено-белите“ ја освоија 1997 година, а во меѓувреме Панатинаикос освои 13 и АЕК 1 (2002).
За Олимпијакос ова беше 10.титула шампион на Грција, а Панатинаикос кој оваа сезона беше најдобар во Купот, има 32.шампионски титули. зс/11:00
|