04.06.2012, 18:13 Паднаа седмиот и осмиот носител на Ролан Гарос
Бердих и Типсаревиќ им честитаа на Дел Потро и на Алмагро за пласманот во четврт-финалето
Осминафиналето остана последен дострел за седмиот и за осмиот носител на Ролан Гарос, Томаш Бердих и Јанко Типсаревиќ. Чехот загуби од Хуан Мартин Дел Потро со 3:1 по сетови, во меч кој почна во неделата, заврши вчера, а траеше речиси три и пол часа. Деветтиот носител во Париз имаше повеќе нерви во тај-брејкот во првиот сет, а потоа значително падна во темпото и загуби со 6:1. Бердих дејствуваше посигурно во дотогашниот дел од мечот, но во третиот сет неговиот сервис како да се расштимува, Дел Потро знаеше да го искористи тоа, стигна до 6:3 и го заврши денот со водство од 2:1 по сетови. Вчерашното продолжение беше само заклучок на решавачкиот трет сет, а Дел Потро прослави со брејк во 12. гем, со што обезбеди четвртфинале против Роже Федерер. Со многу помалку драма оружјето го положи осмиот фаворит во Париз. Типсаревиќ немаше начин да се спротивстави на специјалистот на земја, 13. рекет Николас Алмагро. Шпанецот триумфира во три сета при тоа не дозволи да загуби повеќе од четири гема во ниту еден од нив. Четвртфиналето беше најголемо достигнување за Алмагро и во 2008 и во 2010 година и за да стигне подалеку, најверојатно ќе треба да го мине бранителот на титулата, Рафаел Надал.
На голема радост на париската публика турнирот продолжува за Жо-Вилфред Цонга. Петтиот носител го совлада Станислас Вавринка во пет сета, во два дена и за четири часа, слично како на мечот Дел Потро - Бердих. Во натпревар со многу пресврти и падови во играта, Цонга беше поистраен за да го оствари најголемиот пласман на Ролан Гарос во кариерата. Во четвртфиналето ќе игра со првиот фаворит, Новак Ѓоковиќ. Место меѓу најдобрите осум избори и Давид Ферер со супериорна победа против сонародникот Марсел Гранољерс од 6:2 6:3 6:0.
Ролан Гарос, осминафинале: Цонга (5, Франција) - Вавринка (18, Швајцарија) 6:4, 7:6, 3:6, 3:6, 6:4, Ферер (6, Шпанија) - Гранољерс (20, Шпанија) 6:3, 6:2, 6:0, Дел Потро (9, Аргентина) - Бердих (7, Чешка) 6:7, 1:6, 6:3, 7:5, Алмагро (13, Шпанија) - Типсаревиќ (8, Србија) 6:4, 6:4, 6:4. |