Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.06.2012, 14:22

Cisco Expo 2012 - Бизнисот и Владата да ги користат иновациите за поголем развој



Интелигентните мрежи, работењето во облак и мобилноста се главните теми на најголемиот настан од областа на ИТ технологиите во регионот

Бизнисите, Владата, образовните и институциите навреме да се прилагодат на секојдневните промени на технологијата. Само со иновации и со заедничко користење на придобивките од нив за нови бизниси ќе се обезбеди економски развој.

Тоа се дел од пораките упатени на отворањето на деловно-технолошката конференција Cisco Expo 2012, што се одржува од денеска во Скопје, под мотото „Заедно до иновации“.

Дводневната конференција е проследена со претставување иновативни концепти на кои работи Cisco Systems а кои влијаат врз подобрување на работните процеси.

- Технологијата се повеќе напредува. Пред мрежите се поставуваат се повеќе барања и тие треба да се многу сигурни, доверливи. Cisco е мрежа, не можеме сами, но заедно со нашите партнери можеме да постигнеме многу, изјави Харис Пињо, генерален директор на ЦИСКО Македонија, БиХ, Албанија и Косово.



Според него, пазарот бара примена на нови технологии во работењето, за што е потребно првенствено инвестирање во знаењето. Во Македонија ја насочуваме инвестицијата на ЦИСКО таа да стане фабрика за мозоци. Ние имаме четири мрежни академии, многу инвестираме во знаењето и тоа е највисоката вредност која може да се добие во земјата, рече Пињо.

На глобалниот иновациски индекс (ГИИ) Македонија се наоѓа на 67. место од 125 земји во светот, рангирана според повеќе индикатори. Според индикаторот бизнис околина сме рангирани на прво место во светот, а најголеми слабости имаме кај еколошката свест, користењето на информатичките технологии во приватниот сектор, како и на придобивките од ИКТ за развивање нови бизниси.

Според министерот за информатичко општетсво и администрација Иво Ивановски, во ГИИ се мери и придонесот на приватниот сектор, на невладиниот сектор, академијата, државните институции. Затоа е потребно заеднички да се работи бидејќи само така можеме да креираме економија базирана на знаења и иновации, рече Ивановски.

Во поглед на подготвеноста на ИКТ мрежата Македонија се наоѓа на 55. место, но е подобро пласирана од повеќето соседи и од некои членки на ЕУ.

- Најслаби резултати има кај параметрите еколошка свест, користењето на информатичките технологии во приватниот сектор, користењето на придобивките од ИКТ за развивање нови бизнис е исто така една од слабостите. Но, сите тие се мерки за кои што можеме да направиме програма и стратегија и да ги подобриме за д�� бидеме подобро рангирани. Споредено со земјите од регионот се наоѓаме пред поголем број од нив, а заостанувам само зад Словенија и Хрватска, изјави Ивановски.

Владата, потсети, формираше Комитет за претприемништво и иновации, веќе е подготвена нацрт стратегија и е ангажиран меѓународен консултант кој треба да помогне да бидат идентификувани сите предуслови за развој на економија базирана на иновации.





Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар



Дански компании заинтересирани за можностите за инвестирање
Нова кандидатура за поранешниот градоначалник на Велес
Орден за македонски лекари што спасија норвешки војник
Нов масакр во сириската пр��винција Хама
Се урна ѕид на тетовското Кале стар 200 години
Почна изградбата на нова црква во Ново Лисиче
Задолжницата нема да го реши проблемот со ликвидноста
Хорор на автопатот Скопје-Атина
(ОБНОВЕНО) Сега Кипар ќе не турка во ЕУ
Од утре топол бран со температура до 38 степени
Нова демократија пак го обвини македонскиот државен врв
Попоски - Македонија да биде наградена за реформите
(ФОТО) „Не забораваме!“ - граѓаните потсетија на Мартин Нешкоски
Земјотрес од шест степени во југозападна Македонија
Мешовитиот комитет ќе побара почеток на преговорите со Македонија
Фридом Хаус - Македонија е полудемократска земја
(ВИДЕО) Член на Златна зора „делеше“ шлаканици во емисија во живо
Двајца загинати во тешка сообраќајка кај Демир Капија
(ФОТО) Двокатен автобус удри во зграда на ул. „Даме Груев“
Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2012
Сириза е за сложено име на Македонија со географска одредница
Венера „го засени“ Сонцето
Пандев три плус една година во Наполи
Словенија цврсто стои зад евроинтеграцијата на Македонија
Социјални компјутери за 3.000 апсолвенти
Идната недела нов тендер за ОХИС
Тодоров - Да се реновираат шалтерите во здравствените установи
Почина јапонскиот принц Томохито
Биг Мек зависи од Македонија
Поддршка од Финска за влез на Македонија за ЕУ
Вардар исфрли уште еден труп
Трагична сообраќајка на патот Кавадарци - Ресава
Самоубијци однесоа во смрт 22 лица
Дачиќ - Нема мнозинсво за српска влада
Претепан поранешниот началник на УБК, Хисен Муслиу
Обама - воин со беспилотни летала
Директен лет Скопје - Дубаи од октомври
ДУИ ја прослави 10-годишнината од своето основање
Премиерот Груевски во посета на Финска
Денеска почнува „Cisco Expo 2012“
Собранието треба да гласа за ребалансот на Буџетот за 2012
СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ - Каде одеа парите во времето на СДСМ?
Ставрески - За два дена исплатени 25 милиони евра
Учениците фрлаа стари книги и тетратки за поздрава животна средина
Бројот на жртви од авионската несреќа во Лагос е речиси 200
Судење на прилепчанецот кој си ја уби девојката
Тодоров им закажуваше прегледи на болните
МАНУ е задоволна од своите нови академици
Груевски - Шведските компании ќе инвестираат надвор од еврозоната
Одложено судењето за приведен во „Монструм“
Шврговски - Црвенковски не издал државна тајна
Заканувачки пораки на возила во Тафталиџе
Папата не се плаши од „Ватиканликс“
Продадена железарницата во Сисак за 30 милиони евра
Жена настрада при пад од тераса од четврти спрат
Вардар исфрли удавена скопјанка
Учениците ќе собираат стара хартија
Франција оди на парламентарни избори
Владиниот тим од Шведска заминува во посета на Финска
Избрани шест нови академици во МАНУ
Мартин Нешкоски - една година потоа
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Можеме да се договориме со СДСМ
Лидерoт на ДПА, Мендух Тачи, вели дека никогаш нема да соработува со сегашната ВМРО-ДПМНЕ, што не значи и никогаш повеќе...
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |