05.06.2012, 13:46 Заканувачки пораки на возила во Тафталиџе
На повеќе автомобили во близината на основното улилиште „Јан Амос Коменски“ во скопската населба Тафталиџе 1, денеска изутрина осамнаа флаери со заканувачки пораки. „Смрт за деца каури“ и „УЧК Џихад“ се дел од пораките кои рачно биле испишани на листовите хартија, кои потоа биле залепени на возилата во оваа скопска населба.
Случајот веднаш е пријавен во полицијата која ги вештачи испишаните пораки на флаерите. Според првичните информации, листовите биле растурени рано наутро, пред граѓаните да заминат на работа. Полицијата ги вештачи пораките испишани рачно на латиница. Жителите на Тафталиџе се изненадени од ваквите пораки. Велат дека во населбата никој немал проблеми, ниту закани досега. (Х.Р.)
|