06.06.2012, 09:45 Бостон на чекор до големото НБА-финале
Селтикси славеа на гости кај Мајами со 94:90 и поведоа со 3:2 во победи во финалната серија на Истокот
Тимот на Бостон се наоѓа на една победа до пласман во финалето на НБА лигата откако ноќеска на гостински терен го победија Мајами со 94:90 (24:16; 18:24; 18:25; 30:29) и поведоа со 3-2 во серијата подобар од седум. Решавачки за победата на Бостон беа вториот и третиот период кога не дозволија противникот да постигне повеќе од 20 поени во четвртината.
Ударното трио на Бостон повторно беше на сцена. Кевин Гарнет имаше 26 поени и 11 скокови, Пол Пирс реализираше 19 поени (вклучувајќи ја и „тројката“ на 52 секунди до крајот), како и Раџон Рондо, кој имаше 13 асистенции.
Иако, постигнаа заедно постигнаа 57 поени, Леброн Џејмс (30) и Двејн Вејд (27), потрошија многу топки, а и немаа помош од соиграчите, бидејќи никој друг не постигна двоцифрен број поени.
Откако пропушти девет натпревари од плеј офот во составот на Мајами се врати Крис Бош, кој имаше 9 поени и 7 скокови (6 офанзивни), но не играше во последната четвртина.
Следниот натпревар, број 6 се игра утревечер, а домаќин е Бостон.
Доцна вечерва се игра и дуелот Оклахома Сити – Сан Антонио, а предност од 3-2 во победи има Оклахома.
|