06.06.2012, 14:53 Тодоров: Да се реновираат шалтерите во здравствените установи
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска достави укажување до сите директори на јавните здравствени установи за реновирање на шалтерите, односно нивно поставување во служба на пациентите, со цел подобра комуникација на пациентите со здравствените работници.
Новите шалтери треба да бидат модерни и не треба да го нарушуваат дигнитетот на пациентите, соопшти Министерството за здравство. Со нив треба да се подобри непосредниот контакт меѓу службениците и пациентите, како и да се овозможи достоинствено закажување на потребниот преглед, односно зачувување на достоинството на граѓаните при користење на услугите. Покрај подобрување на непосредниот контакт, се очекува со новите шалтери да се подигне и квалитетот на услугата добиена во ЈЗУ, како и поголема транспарентност во работата.
Ова укажување следува по вчерашната посета на министерот Тодоров во ГОБ ,,8 Септември’’, каде што непосредно се информираше за работата на шалтерските служби, начинот на закажување на прегледи, како и за проблемите со кои се соочуваат пациентите. Токму една од забелешките беше дека со постојните шалтери, пациентот кога бара да закаже преглед или друга услуга мора со службеникот да разговара во недостоинствена наведната положба на телото, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Рокот за реновирање и прилагодување на шалтерите на ЈЗУ е 45 дена. Директорите се должни да дадат извештај за извршените активности по укажувањето на министерот Тодоров на 26 јуни годинава.
|
|
Статијата е прочитана 448 пати.
|
Испрати коментар
|
|
dragi, 07.06.2012 00:15:28 | Todorov da isprati gel za snimanje na glava vo zdravstveniot dom vo Demir Hisar, zoshto dedomi ne mozhat da go pregledaat. (nemaat gel). |
| Leviot, 07.06.2012 00:27:44 | Dali e svesen deckovo sto pravi ili se zamisluva deka e golem reformator.Da imase programa vo raka , so postapki , pravila i rokovi na izvrsuvanje togas mozebi ke bidese nesto od nego a vaka site nie gubime .A za rejtingot negov i ovoj populizam sto go praktikuva ic oko ne mi trepnuva , daj boze zdravjeto da mi e dobro , tesko na onie drugite. |
| Se otkri maanata, 07.06.2012 07:46:43 | Alal ti vera Todorov. Otide vo poseta na bolnica i ja otkri najgolemata maana vo zdravstvoto. Toa bile salterite. Ajde sega ce gi renovirame i se ce ni trgne vo zdravstvoto. A toa sto se ceka so meseci za dijagnosticki proceduri , za zracna terapija , voopsto ne e bitno. Vazno salterite da se podignat , a so toa i dostoinstvoto na pacientite!? Alal ti vera !!! |
| Dimitar, 07.06.2012 08:36:55 | Da se renoviraat i glavite na site nedovetni koi mislat deka se bavat so medicina. |
| D.velickovski, 07.06.2012 11:33:15 | Конечно некој се грижи за граѓаните(обичните смртници). треба сите да земете пример од министерот за тоа како се работи ефикасно. |
| Пациент, 07.06.2012 14:51:41 | Браво и многу браво министре, стварно шалтерите во јавните здравствени установи се понижувачки, како барикади делуваат покриени со хартии, завеси и само еден мал отвор за комуникација. Над сето тоа внатре обични архиварски службеници!!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|