05.06.2012, 15:26 Бројот на жртви од авионската несреќа во Лагос е речиси 200
Бројот на жртвите од авионската несреќа во нигерискиот град Лагос веќе се доближува до 200, објавија западни медиуми повикувајќи се на соопштение на медицински и спасувачки тимови.
Портпаролот на нигериската Агенција за вонредни ситуации Јошуа Шуајб изјави дека е многу тешко да се прецизира точниот број на жртви во и околу зградите.
Авион на компанијата Дана ер со 153 патници се урна во неделата во густо населен реон во Лагос. При уривањето удри во двоспратна станбена зграда и се запали. Сите во авионот и десетици во зградите загинаа. Операцијата за расчистување на остатоците и пронаоѓање преживеани беше прекината доцна синоќа заради поројни дождови. Нигерискиот Црвен крст соопшти дека бројот на жртви може да се зголеми.
|