06.06.2012, 12:05 Разузнавачот Хисен Муслиу претепан сред улица
По санирањето на повредите на окото, тој е пуштен на домашно лекување. Полицијата го бара напаѓачот
Поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, Хисен Муслиу е пуштен на домашно лекување, откако вчера беше нападнат и претепан во близина на Државниот универзитет. Поради сериозна повреда на окото, тој беше хоспитализиран на скопските клиники, по што е пуштен дома. Бившиот разузнавач кој во јавноста стана познат поради фабрикување на досиејата „Ибар“, „Вујко“, „Стрелец“ и „Мама“, бил нападнат од две лица пред повеќемина очевидци. Семејството на Муслиу тврди дека еден од напаѓачите е висок финционер на ДУИ, но партијата вчера негираше каква и да е инволвираност во инцидентот. Полицијата трага по напаѓачот.
Хисен Муслиу (66) бил пресретнат од две лица во близина на Основното училиште „Бос“. Меѓу напаѓачите , според полицијата, бил и тетовецот Б.Ц. Семејството на нападнатиот разузнавач смета дека зад претепувањето всушност стои висок функционер на ДУИ - Биљал Цека.
Поврзувањето на Муслиу со ДУИ испровоцира реакција на партијата од каде велат дека ниту ниту едне нивен член не стои зад нападот врз Хисен Муслиу. „Не знам многу детали за случајот, но како што сум информиран во текот на утрешниот ден мојот колега од Тетово ќе изнесе повеќе детали за настанот“, вели скопскиот адвокат Стеван Павлевски, еден од двајцата бранители на Муслиу во процесот кој се водеше против него. (Љ.С.)
|