06.06.2012, 09:40 Денеска почнува „Cisco Expo 2012“
Компанијата „Cisco“ е организатор на дводневната деловно-технолошката конференција „Cisco Expo 2012“, која почнува денес во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Тема на годинешната конференција Expo е „Заедно до иновации”, а во фокусот се три главни теми: интелигентни мрежи, работење во облакот и мобилност.
На конференцијата воведни обраќања ќе имаат Харис Пињо, генерален директор на „Cisco“ за Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, како и Питер Хајду, директорот на „Cisco“ за Југоисточна Европа.
|