Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.06.2012, 14:45

(ФОТО) Заврши „Оф-фест“ во светот на ритамот



Тони Китановски со оркестарот „Черкези“ и пустинските рокери „Тамикрест“ од Мали вчера го финишираа единаесеттиот „Оф-фест“

Дарко Лешоски

ФОТО: Петр Стојановски

Тони Китановски со оркестарот „Черкези“ и пустинските рокери „Тамикрест“ од северен Мали го финишираа „Оф-фест“. Во Македонската опера и балет, прв беше настапот на нашиот џез-гитарист со неговиот бенд „Черкези“. Динамично и без поштеда, стартуваа со насловната тема од нивниот последен албум „Шукар“, давајќи и' на знаење на публиката дека темите што ќе следуваат ги оправдуваат високите четири ѕвезди кои ги доби од критиката во реномираниот магазин „Ролинг стоунс“. Ромско-македонската динамична ритмичка фузија предводена од фантастичниот вокал на Техемана Скендеровска, постепено преминуваше во заразен Њу Орлеанс звук. Кубанскиот перкусионист Оскар Салас, пак, кој го дополнуваше бендот пополека направи место за вовед во афро-кубанските моменти од новиот албум. Опиумската атмосфера на доминантните конги на моменти пројави некоја некоординираност со остатокот, пред се' дувачкиот дел на бендот, која пак, веднаш потоа беше избришана од меморијата на публиката со враќањето на искрешените бас-линии и одличните импровизации врз нив на Китановски.

Шлагвортот го донесе гласниот бас-добош и одличниот музички дијалог меѓу Китановски и басистот Бејков, покажувајќи дека претходно сфатената некоординарост била всушност предигра за експлозивниот финиш.

Публиката, меѓу која и претседателот Ѓорѓе Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, го поздрави македонскиот бенд со светска кариера со долги аплаузи, за што беше наградена со бис.



Осумчлениот состав на „Тамикрест“, пак, настапи во нешто скратен состав. Најчесто најавувани како следбеници, духовни синови на култните „Тинаривен“, пионерите на бунтовничката музика на Туарезите, иако постојат релативно кратко, од 2006 година, веќе го зацврстија својот статус на најдобри наследници на оваа група благодарение на внесувањето нови елементи. Реге, фанк и психоделичен рок, се мешаат во карактеристичниот звук на пустинскиот блуз.

А, на светската музичка сцена пенетрираа уште со првиот албум „Адаг“ во 2009 , снимен заедно со продуцентот на славните „Валкабоутс“. На „Оф- фест“ го претставија нивниот најнов, втор албум, насловен како „Тоумастин“, но неколку пати потсетија и на веќе познатите теми со кои всушност се прославија. Внесувајќи весел блуз, хипнотички акорди кои на моменти ја доведуваа публиката да ја почуствува жегата на Сахара, за наеднаш да продолжат со еуфорично мелодичен пресврт благодарејќи на одличните перкусионисти. На моменти тажно и мелахолично, веднаш потем еуфорично, продолжуваа „Тамикрест“ пеејќи за проблемите на младите луѓе без иднина, за губењето на сопствената култура, за љубовта, радоста, желбата за живот и поклонувањето пред мајката Сахара.



Овој бенд никого не остави рамнодушен. Одреден дел од публиката ја напушти салата на МОБ уште при првите изведби, а многу поголемиот дел кој остана ги врати два пати на бис. Имаше и такви кои не можеа да го задржат во себе заразниот африкански ритам, па станаа од своите седишта движејќи се во хипнотичен ритам.

Се на се', финалната вечер на „Оф-фест“ несомнено ја потрвди онаа стандардна реплика која како изрека ја искористија пред неколку години хрватските медиуми за настапот на еден македонски бенд. Тоа е дека во светот на ритамот постојат црномурни и македонци - сите останати играат на нивните ритми.



Статијата е прочитана 284 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Новото „пежо 208“ пристигна во Македонија
Киноопремата наместо за три години, ќе се обновува за две
„Прометеј“ во 3Д од утре во Кино Милениум
Никола Маџиров го освои Берлин со својата поезија
Почина Реј Бредбери, бардот на научната фантастика
Се подготвува втор дел од „Ѓаволот носи Прада“
„Суперхикс“ во Чешка
Скопје ќе гори на 26 јуни
Прокопиев ги промовираше „Антиупатствата за лична употреба“
„Интерарт“ и Министерството за култура склучија тригодишен договор за финансирање
Мел Гибсон сака да го разведе 93-годишниот татко
Шерил Кроу објави дека има тумор на мозокот
Шестото издание на „Година на есејот“ во знакот на Миладиновци
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
Хитовите на „Ролинг Стоунс“, „Полис“ и „Квин“ со Македонската филхармонија
(ФОТО) Поп-ѕвездите во чест на Нејзиното Величество
(ФОТО) „Соба со пијано“ - збир на животни судбини
(ФОТО) Еуфорија со пост-рокерите „Тортоиз“
„Скопје креатива“ во игло во Градски парк
(ФОТО) Звучните магии на Куба, Турција и Македонија
Богат викенд на „Оф-фест“
„Свадбата на Фигаро“ ќе го отвори МТФ „Војдан Чернодрински”
Британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн во филмот „Соба со пијано“
Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Промоција на „Грабнувањето на Европа"
„Оф-фест“ почнува со Хуан де Маркос Гонзалес
Цеца на концерт во Скопје со приватен авион
Грандиозната „Аида“ ги затвора „Мајски оперски вечери“
Се отвора галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“
Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Можеме да се договориме со СДСМ
Лидерoт на ДПА, Мендух Тачи, вели дека никогаш нема да соработува со сегашната ВМРО-ДПМНЕ, што не значи и никогаш повеќе...
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |