06.06.2012, 10:14 Шерил Кроу објави дека има тумор на мозокот
Пејачката истовремено додала дека не е премногу загрижена околу болеста, бидејќи туморот е бениген и може да се лекува
Животот по втор пат ја тестира американската пејачка Шерил Кроу. Пејачката пред неколку години успешно ја доби битката со ракот на градите, меѓутоа, повторно се соочува со сериозен здравствен проблем. Имено, Кроу за медиумите откри дека и е откриен тумор на мозокот.
„Толку многу се загрижив околу мојата меморија, што отидов да направам магнетна снимка и открив дека имам тумор на мозокот“ изјави Шерил за Даг Елфман кој ја интервјуираше Las Vegas Review Journal.
Пејачката истовремено додала дека не е премногу загрижена околу болеста, бидејќи туморот е бениген и може да се лекува.
Битката со болестa ја следи Кроу за време на целиот живот. Нејзиното поранешно момче, велосипедистот Ленс Армстронг, беше болен од рак додека беше во врска со неа. За среќа и тој ја доби битката со болеста.
|