06.06.2012, 15:16 Идната недела нов тендер за ОХИС
Новиот тендер за продажба на органско хемиската индустрија „ОХИС“ ќе биде објавен до крајот на неделава или кон почетокот на идната, најави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.
„Веќе има одлука на Влада да се објави новиот јавен повик. Ќе имаме состанок со инвеститори од Бугарија и со нашиот домашен инвеститор на кои ќе бидат презентирани новите услови. На состанокот ќе има претставници и од синдикатот и ќе дискутираме за сите отворени прашања“, изјави Сарачини по денешната средба со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија.
На последниот, седми по ред тендер за продажба на овој загубар, кој заврши на 30 мај, не беше доставена ниту една понуда за купување, иако четири компании подигнаа тендерска документација. Владата најави приспособување на моделот за продажба и воведување на нови услови во следниот тендер. (Ек.Р)
|