Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.06.2012, 12:10
Учениците ќе собираат стара хартија



Под мотото „Ослободи се! Однеси ја старата хартија во училишниот двор“, денеска во дворовите на училиштата низ државава учениците ќе собираат стара хартија. Акцијата ќе се спроведува по повод Светскиот ден на животната средина - 5 Јуни, а ја организира асоцијацијата „Ајде Македонија“ во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и медиумската групација „Медија принт Македонија“ (МПМ).

Станува збор за селекција на старата хартија, која потоа ќе биде рециклирана. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и да ја искористат шансата да се ослободат од старите весници, списанија, тетратки, книги. Граѓаните ќе можат да ја остават старата хартија во пунктовите што ќе бидат лоцирани во училишните дворови, а ќе бидат отворени преку целиот ден. Преземањето и транспортот на собраната стара хартија ќе бидат организирани во соработка со општините и дистрибутивната мрежа на МПМ. За својот придонес училиштата ќе добијат најнови литературни дела од МПМ со кои ќе можат да си ја збогатат училишната библиотека.

Во текот на денот ќе биде организирана и дебата на тема „Модерни носачи на информации - Новите технологии во функција на почиста животна средина“. Еден од предавачите ќе биде и претседателот на Управниот одбор на МПМ, д-р Срѓан Керим, а најавено е учество и на неколку амбасадори, претставници на здруженија и организации, кои директно или индиректно имаат допирни точки со животната средина.



Статијата е прочитана 232 пати.

Испрати коментар



Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2012
Сириза е за сложено име на Македонија со географска одредница
Венера „го засени“ Сонцето
Пандев три плус една година во Наполи
Словенија цврсто стои зад евроинтеграцијата на Македонија
Социјални компјутери за 3.000 апсолвенти
Идната недела нов тендер за ОХИС
Тодоров - Да се реновираат шалтерите во јавните здравствени установи
Почина јапонскиот принц Томохито
Cisco Expo 2012 - Бизнисот и Владата да ги користат иновациите за поголем развој
Биг Мек зависи од Македонија
Поддршка од Финска за влез на Македонија за ЕУ
Вардар исфрли уште еден труп
Трагична сообраќајка на патот Кавадарци - Ресава
Самоубијци однесоа во смрт 22 лица
Дачиќ - Нема мнозинсво за српска влада
Претепан поранешниот началник на УБК, Хисен Муслиу
Обама - воин со беспилотни летала
Директен лет Скопје - Дубаи од октомври
ДУИ ја прослави 10-годишнината од своето основање
Премиерот Груевски во посета на Финска
Денеска почнува „Cisco Expo 2012“
Собранието треба да гласа за ребалансот на Буџетот за 2012
СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ - Каде одеа парите во времето на СДСМ?
Ставрески - За два дена исплатени 25 милиони евра
Учениците фрлаа стари книги и тетратки за поздрава животна средина
Бројот на жртви од авионската несреќа во Лагос е речиси 200
Судење на прилепчанецот кој си ја уби девојката
Тодоров им закажуваше прегледи на болните
МАНУ е задоволна од своите нови академици
Груевски - Шведските компании ќе инвестираат надвор од еврозоната
Одложено судењето за приведен во „Монструм“
Шврговски - Црвенковски не издал државна тајна
Заканувачки пораки на возила во Тафталиџе
Папата не се плаши од „Ватиканликс“
Продадена железарницата во Сисак за 30 милиони евра
Жена настрада при пад од тераса од четврти спрат
Вардар исфрли удавена скопјанка
Франција оди на парламентарни избори
Владиниот тим од Шведска заминува во посета на Финска
Избрани шест нови академици во МАНУ
Мартин Нешкоски - една година потоа
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |