05.06.2012, 13:04 Продадена железарницата во Сисак за 30 милиони евра
Американската компанија „Комершал металик компани“ (ЦМЦ) објави дека на италијанската група „Даниели“ за околу 30,4 милиони долари и' ја продала железарницата Сисак, јави хрватската телевизија (ХРТ). Како што дознава оваа телевизија, италијанската компанија во Сисак ги купила новата челичарница и валалница за цевки, кои претставуваат единствена технолошка целина.
Во овие погони, вклучувајќи го и одржувањето, беа вработени речиси 1.000 работници. Погонот за кој се уште се бара купувач е ладната валавница за цевки. За овој погон, наводно, е заинтересиран еден германски купувач. Американскиот ЦМЦ во 2007 година ја купи сисачката железарница, а кон крајот на минатата година соопшти дека излегува од неа. Италијанската група „Даниели“ е еден од трите најголеми светски производители на суровини и производи од челик, со годишен приход поголем од три милијарди евра. Италијанските стручњаци биле ангажирани во изградбата на новата челичарница во која американската ЦМЦ вложи 65 милиони долари, па на италијанската групација и' е многу добро позната целата технолошка линија во железарницата. Претставниците на Синдикатот на металците на Хрватска изразија задоволство од продажбата на железарницата.
|