Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.06.2012, 19:31
Мартин Нешкоски - една година потоа



Припадниците на Здружението „Стоп за полициската бруталност“ вечерва во 21 часот ќе запалат свеќа и ќе положат цвеќе на местото каде што пред една година, на плоштадот Македонија, крвнички беше убиен Мартин Нешкоски

Љубиша Станковиќ

Денеска се навршува точно една година од ланските парламентарни избори и исто толку од трагичното загинување на младиот Мартин Нешкоски. Случајот на Нешкоски, кој внесе многу контроверзи, за многумина остана недоречен и до крај неистражен.

„Ние, како семејство, а по она што минатиот месец се случи со мојот татко, и натаму живееме под закани. Последната закана е дека точно на годишнината од загинувањето на Мартин, наводно, нешто ќе ми се случело и дека со тоа ќе се затворел овој ��лучај! Јас не се плашам од закани. Татко ми за Мартин тагуваше во себе. Не покажуваше ништо, но тој повеќе не можеше да издржи и се случи тоа што се случи“, вели братот на Мартин, Александар Нешкоски.

За претепувањето на Мартин Нешкоски единствен обвинет беше штипјанецот Игор Спасов, припадник на полициската единица „Тигар“. Спасов, за делото извршено со умисла, на 16 јануари оваа година беше осуден на 14 години затвор.

Неговиот судски процес ќе остане запаметен по неговата завршна одбрана на која ќе каже: „Ако барате обвинет за убиството на Нешкоски, стојам пред вас, но ако ја барате вистината, не гледајте во мене. Можам слободно во очи да му погледнам и на семејството на Мартин Нешкоски зашто јас не го убив нивниот син!“

Од минатата недела случајот на Спасов е во рацете на судиите од Апелацискиот суд во Скопје. Всушност, целиот предмет сега е во Јавното обвинителство, кое, како и судот, ќе ја разгледува жалбата на осудениот. Како што сега стојат работите, многу е извесно до крајот на овој или најдоцна до почетокот на следниот месец Игор Спасов да се појави во повисокиот суд каде што ќе ги објаснува своите аргументи поврзани со смртта на Мартин Нешкоски, односно повторно ќе докажува дека тој, наводно, е само жртва на околности.

Неофицијално се дознава дека Вишото обвинителство не планира да се жали на одлуката на скопскиот Кривичен суд. Доколку ваквата шпекулација се покаже како точна, тогаш тоа подразбира дека Обвинителството е задоволно со висината на изречената казна или дека и тие ќе побараат повторување на постапката и барање нови факти кои ќе фрлат ново светло при утврдувањето на причините за смртта на Мартин Нешкоски.

Една година по трагичното загинување на Мартин, во миговите на славење на победа на парламентарните избори, многу прашања останаа неодговорени. Целокупната јавност, а пред се' најблиските на Мартин и натаму истражуваат: Дали пред загинувањето Мартин бил тепан од друго лице? Дали доколку постои такво лице и дали и тој како и осудениот Игор Спасов бил вработен во МВР? Кој го удрил Мартин по нос и на тој начин го прекинал неговото дишење? Дали припадниците на ЕСЗ „Тигар“ на плоштадот „Македонија“ биле дојдени по своја волја или биле работно ангажирани?

„Ние од ништо не сме задоволни и ништо не очекуваме! Државата го уби Мартин. Судот прикриваше докази, а скопскиот јавен обвинител не ја истера целата работа на виделина“, вели Алексндар Нешкоски и потврдува дека тој ќе им се приклучи на протестите кои се закажани за 6 овој месец.

Загинувањето на Мартин беше единствената причина за протест на илјадници млади. Протестите кои најпрво почнаа во Скопје, а потоа се проширија и на другите градови низ државава се одржуваа под мотото: „Стоп за полициската бруталност!“.


Статијата е прочитана 1550 пати.

Испрати коментар



Пандев и јавноста
Груевски побара повеќе шведски инвестиции
Македонија молчи пред Белград
Камбовски: МАНУ ќе се подмлади
Битола парализирана oд непотизам
Тежок пат до ослободителна пресуда за клевета
Тешка артилерија против Владата од струмичкиот плоштад
Црвенковски ја смени тактика��а, но не и реториката
Нов „Бранков закон“
Нема обвинение за градоначалникот на Старо Нагоричане



ИСТОК, 05.06.2012 12:22:49
|Жално за момчето што почина поради полициската бруталност и за неговиот татко што си отиде од жал по него. Дека државата го уби тоа е веќе извесно инаку зошто би ги криеле доказите. Се што е поврзано со неправилностите во нивното работење МВР го крие како „змијата нозете“, а од друга страна, на министерката од уста не и излегува дека работи според Устав и закон. Ветер и магла. Мвр е претворена во партиска испостава на ДПМНЕ и работи само во корист на партијата а како на граѓанин не дај боже да ти се случи нешто, и да си имаш работа со нив.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |