Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.06.2012, 13:48

„Интерарт“ и Министерството за култура склучија тригодишен договор за финансирање



„Државата директно застана зад стимулирањето на македонското современо танцово и кореографско творештво“, рече министерката за култура на денешната средба со Рисима Рисимкин, директор на културниот центар „Интерарт“

Министерството за култура и „Интерарт“ со кој раководи кореографот Рисима Рисимкин, склучија тригодишен договор за финансирање на програмите на овој културен центар со кој ќе се овозможи континуирано и квалитетно да се презентира најдоброто од современата танцова сцена. „Интерарт“ за прв пат во Македонија поднесе иницијатива за поддршка на претприемништво во културата, како европски и светски модел на делување во областа на културата. Договорот меѓу „Интерарт“ и Министерството ќе се реализира преку поддршка на проекти во Годишната програма за култура.

На денешната средба со новинарите, Рисима Рисимин истакна дека со ваков чекор стануваме лидери на модерниот балет во регионот. Министерката за култура, пак, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека Министерството за култура направило опсежни анализи за степенот на застапеност на современиот танц во независната културна сцена. „Професионално, современиот танц е основна определба на ’Интерарт‘ културниот центар и Центарот за нови иницијативи во уметноста ’Локомотива‘, додека во групата аматерски и полупрофесионални се вбројуваат ’Ребис‘, ’Брејк а лег‘, ’Туту‘, ’Мак Моделс‘, ’Булфорг балет‘. Изразувајќи ја својата заложба за унапредување на сите сегменти во уметноста, Министерството за култура редовно во програмите од национален интерес ги поддржува субјектите чија основна определба е современиот танц“, рече Канческа-Милевска.

Таа додаде дека „Интерарт“ располага за сопствен простор и целосна инфраструктура за развој на современиот танц, а преку финансирањето на програмите од национален интерес на Министерството за култура, државата директно застана зад стимулирањето на македонското современо танцово творештво и македонското кореографско творештво.

„Донесувањето на одлука за поддршка на активностите на ’Интерарт‘, се однесува на препознавањето на вредностите кои овој центар ги развива на полето на развојот на современата танцова сцена во Македонија. Проектот претставува вистински исчекор во однос на развојот на претприемништво во културата, а Владата и Министерството преку овој чекор отвораат едно ново поле и нов хоризонт во поддршката на проектите од културата, следејќи ги светските примери, со што Македонија активно се вклучува во реализација на светски трендови и иницијативи, со кои се поддржува вистинскиот прогрес и развој во областа на современиот танц. Убедена сум дека со оваа поддршка се отвора нова можност и за поддршка на сите субјекти во културата кои работат на развојот на независната уметничка сцена во Македонија во областа на современиот танц“, рече Канческа-Милевска. (Т.И.)



Статијата е прочитана 362 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Новото „пежо 208“ пристигна во Македонија
Киноопремата наместо за три години, ќе се обновува за две
„Прометеј“ во 3Д од утре во Кино Милениум
Никола Маџиров го освои Берлин со својата поезија
Почина Реј Бредбери, бардот на научната фантастика
Се подготвува втор дел од „Ѓаволот носи Прада“
„Суперхикс“ во Чешка
Скопје ќе гори на 26 јуни
(ФОТО) Заврши „Оф-фест“ во светот на ритамот
Прокопиев ги промовираше „Антиупатствата за лична употреба“
Мел Гибсон сака да го разведе 93-годишниот татко
Шерил Кроу објави дека има тумор на мозокот
Шестото издание на „Година на есејот“ во знакот на Миладиновци
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
Хитовите на „Ролинг Стоунс“, „Полис“ и „Квин“ со Македонската филхармонија
(ФОТО) Поп-ѕвездите во чест на Нејзиното Величество
(ФОТО) „Соба со пијано“ - збир на животни судбини
(ФОТО) Еуфорија со пост-рокерите „Тортоиз“
„Скопје креатива“ во игло во Градски парк
(ФОТО) Звучните магии на Куба, Турција и Македонија
Богат викенд на „Оф-фест“
„Свадбата на Фигаро“ ќе го отвори МТФ „Војдан Чернодрински”
Британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн во филмот „Соба со пијано“
Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Промоција на „Грабнувањето на Европа"
„Оф-фест“ почнува со Хуан де Маркос Гонзалес
Цеца на концерт во Скопје со приватен авион
Грандиозната „Аида“ ги затвора „Мајски оперски вечери“
Се отвора галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“
Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Можеме да се договориме со СДСМ
Лидерoт на ДПА, Мендух Тачи, вели дека никогаш нема да соработува со сегашната ВМРО-ДПМНЕ, што не значи и никогаш повеќе...
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |