Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
05.06.2012, 15:57

Шестото издание на „Година на есејот“ во знакот на Миладиновци



Украинската писателка Ана Багрјана е годинашен добитник на повелбата „Академија на Медитеранот“

Украинската писателка Ана Багрјана е годинашен лауреат и добитник на повелбата „Академија на Медитеранот“, што ја доделува Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга. Во организација на Академијата, годинава на 7, 8 и 9 јуни ќе се одржи шестото издание на Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот“, која ќе биде во знакот на браќата Миладиновци и одбележувањето на 150 години од нивната смрт.

На манифестацијата ќе земат учество повеќе есеисти, теоретичари и писатели од десет балкански земји, а ќе биде отворена и изложба во чест на Миладиновци, во организација на Сеучилиштето „Јосип Јурај Штросмаер“ од Осиек, Хрватска. И годинава ќе се одржи тркалезна маса, овој пат на тема „Ками и Медитеранот“, по повод 99 години од раѓањето на францускиот нобеловец Албер Ками.

Ана Багрјана е современ писател, есеист, поетеса, драматург, преведувач. Родена е во 1981 година во Фастив, Киевската област. Автор е на неколку книги и добитник на многубројни награди. Составувач е и преведувач на антологијата „Современа македонска поезија на украински јазик“. Во својата порака до Струга, Багрјана ќе напише: „Струга за мене е вистински волшебен и божествен град, каде што се вљубив на прв поглед во убавините, недогледот, спокојот и бреговите на Охридско Езеро и сето тоа се круниса кај мене како вистинска љубов, песна и бескрај, како неповторлива божествена убавина и земски рај што пееше струшкиот голем поет Константин Миладинов“.

Досегашни добитници на повелбата „Академија на Медитеранот“ се писателите Луан Старова, Јован Стрезовски, Горан Калоѓера од Хрватска, Сретен Перовиќ од Црна Гора и Радомир Андриќ од Србија. (Т.И.)


Статијата е прочитана 322 пати.

Испрати коментар



Се подготвува втор дел од „Ѓаволот носи Прада“
„Суперхикс“ во Чешка
Скопје ќе гори на 26 јуни
(ФОТО) Заврши „Оф-фест“ во светот на ритамот
Прокопиев ги промовираше „Антиупатствата за лична употреба“
„Интерарт“ и Министерството за култура склучија тригодишен договор за финансирање
Мел Гибсон сака да го разведе 93-годишниот татко
Шерил Кроу објави дека има тумор на мозокот
(ИНТЕРВЈУ) Поли��иката нема да престане да се меша во театарот
Хитовите на „Ролинг Стоунс“, „Полис“ и „Квин“ со Македонската филхармонија
(ФОТО) Поп-ѕвездите во чест на Нејзиното Величество
(ФОТО) „Соба со пијано“ - збир на животни судбини
(ФОТО) Еуфорија со пост-рокерите „Тортоиз“
„Скопје креатива“ во игло во Градски парк
(ФОТО) Звучните магии на Куба, Турција и Македонија
Богат викенд на „Оф-фест“
„Свадбата на Фигаро“ ќе го отвори МТФ „Војдан Чернодрински”
Британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн во филмот „Соба со пијано“
Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Промоција на „Грабнувањето на Европа"
„Оф-фест“ почнува со Хуан де Маркос Гонзалес
Цеца на концерт во Скопје со приватен авион
Грандиозната „Аида“ ги затвора „Мајски оперски вечери“
Се отвора галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“
Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |