06.06.2012, 16:50 Скопје ќе гори на 26 јуни
За нецели три недели на скопското Кале ќе се случува новото издание на фестивалот „Скопје гори“
На вчерашната средба со новинарите од „Авалон продукција“ известија дека „Скопје Гори, а Камбах го гасне“ ќе се случува на 26 јуни на скопското Кале.
На овој фестивал на добра забава и уште подобра музика нашата публика ќе ги види шампионите на електронскиот звук, ОРБИТАЛ, кои прв пат доаѓаат на просторот на екс ЈУ, а во склоп на светска турнеја по повод излегувањето на новиот албум „Wonky“.
Настап ќе имаат и хип-хоп легендите PUBLIC ENEMY, исто така, прв пат во Македонија, што ќе биде голема радост за армијата фанови што ги имаат кај нас! Тие во Скопје доаѓаат во година кога издадоа два албуми и тоа ќе биде уникатна шанса на само место да се види зошто Chuck D-Mc,Flavor Flav, Dj Lord и Professor Griff - Public Enemy магазинот „Ролинг стоунс“ ги стави во листата на 100 најдобри бендови на сите времиња. На „Скопје гори“ ќе настапи и најдобриот српски рок-бенд „Парибрејкерс“, а честа да го отворат фестивалот им припадна на кумановците „Подземен ефект“, а по нив следува најголемата македонска хип-хоп банда – „Легијата“! |