06.06.2012, 16:51 „Суперхикс“ во Чешка
Македонската скапанк-група „Суперхикс“ се едни од музичките ѕвезди од неколку земји на средна и источна Европа кои ќе настапат на фестивалот „Рок фор пипл“ во чешкиот град Храдец Кралове.
Ова е дел од официјалната најава за учесниците на 18. по ред музички спектакл во Чешка, кој ќе се одржи од 3 до 6 јули. „Скапанк-групата е составена од шест момчиња, исполнета со балкански темперамент и тие на посетителите ќе им ја пренесат атмосферата од сончевата Македонија“, се вели во најавата за македонскиот музички бенд. На заинтересираните фанови им се нуди и видеоклипот за песната „Ти треба некој“ од „Јутуб“, што треба да сведочи дека енергичните момци умеат да се погрижат за добра забава.
На фестивалот, покрај музичари од Словачка, Австрија, Унгарија, Романија, Чешка, ќе настапи и американската легенда на алтернативната сцена, рок-групата „Феит ноу мор“, како и британската „Продиџи“. (МИА) |