06.06.2012, 17:28 Јувентус се засили со Асамоа и со Исла
Италијанскиот шампион Јувентус за наредната сезона го засили тимот со две нови имиња од средниот ред, Квадво Асамоа и Маурисио Исла. Поранешните играчи на Удинезе ќе бидат во косопственост на „старата дама“, а за ваквиот трансфер челниците од Торино издвоија 15 милиони евра, плус ќе бидат зајмени дадени двајца играчи од младинскиот состав. Антонио Конте сега може да се насочи кон зајакнување на нападот со донесување на голгетерот на Арсенал, Робин ван Перси, или фудбалерот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин.
|