(ВИДЕО) Пандев го кажа судбоносното „Да“ и пред Бога
Иако најдобриот македонски фудбалер со Надица е во граѓански брак од 26 декември 2009 година, тие денеска својата заклетва ја дадоа и пред Бога во црквата „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“
Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев денеска се венча со Надица, во Струмица, во кругот на најблиските, и тоа под силно обезбедување, без дозволен пристап за новинари и за фоторепортери.
Иако најдобриот македонски фудбалер со Надица е во граѓански брак од 26 декември 2009 година, тие денеска својата заклетва ја дадоа и пред Бога во црквата „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“.
На свадбата на Горан и на Надица денеска беа и нивните две деца, синот Филипо и ќеркичката Ана, која по вечавката на нејзините родители попладнево во црквата имаше свето крштевање
Srecen brak gorane I uste mnogu deca da imas I samo napred srecna krstevka I na kerkickata I mnogu zdravje da ve pratit vo zivotot icreca.I ova godina na fudbalskoto pole da bides uste podabar i site makedonci gordi da ideme so tebe I falime.