05.06.2012, 14:36 Блажевски и Маринова на ОИ во Лондон
Пливачите Марко Блажевски и Симона Маринова и официјално се првите македонски спортисти што ќе настапат на Летните олимписки игри во Лондон.
Светската пливачка федерација ФИНА денеска испрати потврда до Македонскиот олимписки комитет дека токму овие двајца ќе имаат можност да настапат под македонското знаме во Лондон, иако ја немаат исполнето нормата во своите дисциплини. Блажевски ќе биде дел од трката на 400 метри мешано, а Маринова ќе се појави на стартот во квалификациите на 800 метри слободно. (М.К.)
|