05.06.2012, 14:20 Суслина три години во Вардар
Руската ракометна легенда Ина Суслина во наредните три години ќе го носи црвено-црниот дрес на македонскиот женски суперлигаш Вардар
„Одлуката да дојдам во Македонија беше чисто професионална. Од тоа што можев досега да го забележам тука, можам да кажам дека сум презадоволна и од луѓето и од условите. Раководството одлично ме прифати и се надевам дека со Вардар ќе продолжам со успесите“, изјави големото засилување за вардарки на голманската позиција на денешната официјална промоција во хотелот „Александар палас“.
Во освојувачката на златниот медал на Светското првенство 2007 и на сребрениот на Олимпијадата 2008 во Пекинг тренерот Ристо Магдинчев гледа одлична можност за формирање на тимот на подолги патеки.
„Суслина е едн�� од алките што недостигаа во екипата, која имаме намера да ја градиме на подолг временски период. Во план сме да ангажираме уште две ракометарки, а крајната цел е пехарот од домашното првенство. Засега не можам да кажам дали ќе играме во регионалната лига, бидејќи се' уште немаме добиено гаранции за конечниот календар“, изјави Магдинчев. (Љ.В.)
|