Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
04.06.2012, 11:40
Почнува операцијата „Лондон“



Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска стартува со подготовките за турнирот во Каракас, квалификациски за ОИ 2012

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска и официјално ќе стартува со подготовките за квалификацискиот турнир во Каракас од 2 до 8 јули за пласман на Олимписките игри во Лондон. По фантастичниот настап на ланското ЕП во Литванија и освоеното четврто место нашите кошаркарски херои се последна надеж за Македонија првпат да има свој претставник во екипните спортови на едни Игри. Националниот тим низ подготовките, а и на турнирот во Венецуела, ќе го води Маријан Лазовски, човекот кој беше десна рака на Марин Докузовски во изминатите три години. За денеска во 11 часот е најавена првата прозивка, во 18 часот попладне и првиот тренинг во салата „Борис Трајковски“.

„На првиот тренинг очекувам да се појават сите кои се повикани со исклучок на Владо Илиевски, кој поради повредата ќе мора да остане на терапија во Словенија до 8 јуни, како и Лестер Бо Мекејлеб кој има обврски со Сиена до 15 јуни“, истакна селекторот Лазовски, кој веќе неколку дена работи со нашите надежи кои настапуваат за силни екипи низ светот. Од почетокот на подготовките се очекува присуство и на капитенот Перо Антиќ.

Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Скопје до 11 јуни кога националниот тим ќе отпатува за Литванија на турнир со домашната селекција и со силната Русија. На овој турнир на местото од Бо Мекејлеб ќе настапи Маркус Грин. На 21 јуни експедицијата се враќа накратко во Скопје. Во тој период од Лазовски се очекува да го објави и конечниот список на патници за САД и Порторико каде што ќе се одиграат завршните тест-дуели пред настапот на турнирот во Венецуела. На овие два турнири ќе бидеме комплетни со пристигнувањето на Илиевски и Бо Мекејлеб.

Македонија на 2 јули во Каракас ќе игра со репрезентацијата на Ангола, ден подоцна и со Нов Зеланд. Доколку го освоиме првото место во групата, ќе се пласираме во четвртфиналната фаза на турнирот. За учество на Олимписките игри во Лондон потребно е да завршиме на едно од првите три места во Венецуела. (М.К.)




Статијата е прочитана 533 пати.

Испрати коментар



Јувентус се засили со Асамоа и со Исла
Чави ги искритикува играчите на Реал
Ѓоковиќ и Федерер со пресврт до полуфинале
Македонија повторно под „стотката“ на ФИФА-листата
Шпанија најскапа репрезентација, Ирска на последно место
Бостон на чекор до големото НБА-финале
Надежите и дадоа пет гола на Данска и - загубија!
Вучичевиќ ново име во Металург
Стосур - Ерани прво полуфинале на Ролан Гарос
Роналдињо во Атлетико Минеиро
Манчестер Ј. и Борусија (Д) се договорија за Кагава
Блажевски и Маринова на ОИ во Лондон
Суслина три години во Вардар
Данска шанса на генерацијата
Оклахома го презема водството во западното финале
Холандија се откажа од организација на Европското првенство
Паднаа седмиот и осмиот носител на Ролан Гарос
Прозивката без Гечевски и Чековски
(ЕКСКЛУЗИВНО) Селебрити веселбата на Пандеви
Бостон израмни со Мајами по продолжението
И Хоризонт Турново остана во Прва лига
Македонија избори пласман на Европското првенство во ракомет
(ВИДЕО) Пандев го кажа судбоносното „Да“ и пред Бога
Тетекс го сочува прволигашкиот статус
Оклахома израмни на 2
Перо Антиќ со Олимпијакос стана шампион на Грција
Бостон се врати во игра во финалето на Истокот
Надежите им подарија бод на Фарски Острови
Прв пораз за Сан Антонио по 20 победи
Вардар доби дозвола од УЕФА за настап во еврокуповите
Горан Пандев останува во Наполи!
Страмачони на клупата на Интер до 2015 година
Ракометарките чекор поблиску до ЕП
Македонија е за промени во ФИБА-Европа
Убиен македонскиот ексолимпиец Гаџиханов



Darvin, 04.06.2012 13:41:40
Kolku shto znam, edina shansa da imame predstavnik na OI vo London ostanaa kosharkarite. Da ne zboram ,,pred raka,, ama najverovatno i oni ke tresnat, taka da nasheto zname, zaedno so sramnata referenca, ke go nema vo London. Epa dragi patrioti, ako vo sportot sme tolku slabi, togaj probajte da spoznaete kakvi li sme tek vo politikata, kade ima sila, a ne fer-plej i pravdina. I na osnov na taa realnost gradete stavovi, a ne vrz Gruevite lagi i vashite zelbi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |