30.05.2012, 16:14 Македонија е за промени во ФИБА-Европа
МКФ меѓу 28 сојузи што потпишаа барање за Вонредно собрание
Виси местото на претседателот Олафур Рафнсон и неговите поддржувачи во ФИБА-Европа по неколкуте чудни одлуки на Бордот на европската „куќа на кошарката“, меѓу кои и онаа од 2010 година, кога токму сегашното раководство исклучи голем број земји во процесот на донесување одлуки создаде голем револт, а промената на сега веќе поранешниот генерален секретар Нар Занолин ја прели чаша. Вкупно 28 национални сојузи, меѓу кои и Македонија, поднесоа барање за организирање Вонредно собрание и за предвремени избори.
Покрај Македонската кошаркарска федерација, потписници на ова барање се и Литванија, Турција, Русија, Израел, Словенија, Летонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Украина, Естонија, Грузија, Португалија, Ирска, Молдавија, Андора, Албанија, Малта, Романија, Азербејџан, Гибралтар и Белорусија.
Според иницијаторите, барањето не е насочено кон никого лично, главна цел на овие земји е европската кошарка да се движи и да се развива во вистинска насока. (М.К.)
|