31.05.2012, 19:28 Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Ваквото решение го донело семејството на популарната пејачка, која лани во јули беше најдена мртва во куќата под не до крај разјаснети околности
Куќата во Лондон во која живеесе и каде почина пејачката Ејми Вајнхауз, се продава за 2,7 милиони фунти.
Ваквото решение го донело семејството на популарната пејачка, која лани во јули беше најдена мртва во куќата под не до крај разјаснети околности.
Куќата се наоѓа во лондонската населба Камден, помодно сврталиште на британскиот главен град и таа по смрта на Вајнхауз се претвори во своевидно светилиште на обожувателите на контроверзната пејачка. На оградата на куќата беа оставани букети со цвеќе, запалени свеќи и пишувани пораки.
Десет месеци подоцна претставник на семејството Вајнхауз соопшти дека тие решиле куќата да биде продадена, објаснувајќи дека никој од нив не би сакал да се пресели во неа и да живее.
Пазарни експерти проценуваат дека куќата лесно ќе најде купувачи затоа што станува збор за голем и простран станбен објект, како и затоа што сега ја има „славата“ во неа да живеела една прославена пејачка ѕвезда.
Во еден период се зборуваше дека нејзиниот дом во Камден ќе се претвиори во седиште на хуманитарна организација, која требаше да води грижа за зависниците од дрога и алкохол, проблеми што целиот нејзин кус живот ја следеа Ејми Вајнхаус.
|