Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.05.2012, 15:09

Груевски: Црвенковски се издрибла самиот себе



Реакција на премиерот за тврдењата на лидерот на опозицијата во врска со предлогот на медијаторот на ОН Метју Нимиц од 2005 година

Нормално беше и се очекуваше човекот кој толку многу секојдневно се занимава со шпекулации, манипулации и извртување на вистината и фактите и обид за манипулација со граѓаните, во еден момент да се издрибла самиот себе и сега не знае како да се извади. Ме вика на ТВ дуел и сака да се извади од.... Граѓаните вчера видоа, излегоа податоците и документите кои самиот тој ги извади и се виде дека тој предлог има сериозни проблеми во делот на јазикот, националноста, кои се крајно проблематични и нејасни.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски на барање на новинарите да даде оценка за тврдењата на Црвенковски во врска со предлогот на медијаторот на ОН Метју Нимиц од 2005 година за решавање на прашањето за името и за повикот на лидерот на СДСМ за ТВ дуел.

Предлогот Нимиц што го објави Црвенковски, според Груевски, има сериозни проблеми во делот за јазикот, националноста.

- Тие се крајно проблематични и ден денеска ме чуди зошто тој прифати такво нешто од прва, особено што Грција го имаше одбиено и зошто тој го прифати и покажа спремност за отстапување од идентитетските прашања. Тоа беше прв момент кога Македонија покажа подготвеност со експресно прифаќање и тоа на веќе одбиен предлог од Грција се покажа спремност дека може да се пазари и околу идентитетските прашања кога тие се нејасни и се напишани на начин кој не покажува дека нема гаранции. Практично таму нема ни „г“ од гаранции за идентитетот, но и во делот на јазикот и на националноста, изјави Груевски по одбележувањето на Европскиот ден на претприемачот.

Тој смета дека не е добро што Бранко Црвенковски ја користи оваа тема за дневно политички поени затоа што прашањето за името за идентитетот, националноста и јазикот е стратешко прашање за Република Македонија.

- Ако тој во основа е одговорен политичар не би требало на какви било настапи во јавноста да вади државни документи одбележани со државна тајна и да зборува за детали, а со тоа на некој начин да ја нарушува дополнително позицијата на Република Македонија, рече Груевски додавајќи дека тоа е прашање за кое што треба политичарите кога е време за тоа политичарите да разговараат, да бараат нешто што е најдобро за државата и за народот, а не да се препукуваат преку медиумите и да собираат дневно политички поени, изјави Груевски.









Статијата е прочитана 2016 пати.

Испрати коментар



Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Ципрас останува на грчките црвени линии
Петмина ранети во Косово
Иванов - Безбедносната состојба не е загрозена
Георгиевски не случајно тргна од Охрид
Нови тарифни постпејд-модели на „Т-мобиле"
Николиќ ја презеде должноста претседател на Србија
Јанкулоска - Во „Монструм“ испочитувани правилата на полициско однесување
Ставрески - 450 милиони евра за поддршка на економијата
Црвенковски и Жерновски разговараа за соработка
Груевски - Прифативме референдум, а не предлог за името
Либерализиран превозот на стока меѓу Македонија и Полска
Сарачини - Не очекував да нема понуди за купување на ОХИС
Денеска и утре локално невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
До 15 јули ќе се знае судбината за тендерот на Чебрен и Галиште
Пратенички прашања во Собранието
Кумановец убиен во дворот на семејната куќа
Командант Бреза се бори за живот по тешка сообраќајка
ЕУ се надева на ирско „Да“ за фискалниот пакт
Најмалку седум луѓе загинаа во бомбашки напади во Багдад
Папандреу - Грција не е проблем
Светот го одбележува Денот против пушењето
Вооружен напаѓач убил петмина и се самоубил
(ФОТО) Велосипедистите излегоа на протест
Волерс - Исходот од самитот во Чикаго не е негативен резултат
Опозицијата за ребалансот - Ако е криза, нека биде криза за сите
Судот ги распраша сите обвинети за убиството во ГУЦ
Директор сексуално злоупотребувал ученици
Црвенковски го повикa Груевски на ТВ дуел
Џулијан Асанж ќе и биде екстрадиран на Шведска
Избрани тројца обвинители за скопското јавно обвинителство
Седми Баскерфест во Скопје од 1 до 10 јуни
Чарлс Тејлор осуден на 50 години затвор
Анкета на ИПИС - ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг
Спречени терористички напади за време на Евросонг
Попоски - Македонија останува на патот кон НАТО и ЕУ
Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Славко, 30.05.2012 15:25:20
Пазарџиски речник и мандање за да се избегне ТВ Дуел со човек далеку поелоквентен од него. Од овој премиер друго и не се очекуваше да соопшти во јавноста.
ALEKSANDAR, 30.05.2012 15:50:22
Grujo ajde na duel
груевски цвикна, 30.05.2012 16:08:42
Груевски ја промаши шансата на македонската јавност автентично и влице со БЦ да предочи релевантни докази за настаните од 2005.Ја изневери македонската јавност со тоа што наместо да се спротивстави со издрибланиот почнува сам да се дрибла.Македонската јавност заслужува да биде информирана од премиерот што е што во дадениов случај.Токму од тезата дека политичарите треба да разговараат,ама не пред скриена јавност.Понудата од БЦ го тестира НГ колку е спремен фајтер,восекоја прилика да ја бра��и вистината за Македонија,а не само со нарачани интервјуа и прес конференции, Преведено на нашки монолози сам со себе.
dragica lapajkoska-belchevska, 30.05.2012 16:38:52
E bre Grujo,samiot izraz izdribla sto go upotrebi pokazuva kolku si intelegenten i kulturen.No bidejcki slab ti e recnikot,zatoa i sigurno taka se izrazi.
pile, 30.05.2012 16:40:06
Se izvinuvam na citatelite na Utrinski vesnik za napravenata tehnicka greska vo komentarot na tekstot pod istiot psevdonim od rubrikata ,,Georgievski podgotven da koalicira so SDSM, kaj sto e navedeno ...raznebituvanje na Drzjavata po ovaa aktuelno rakovodstvo a treba da stoi ...raznebituvanje na Drzjavata SO ovaa aktuelno rakovodstvo, sto se zaklucuva od ponatamosniot del od tekstot, a site gragjani go prezjivuvaaat avtenticno.Ne navleguvajki dali objaveniot dokument e Drzjavna tajna,trebalo da bide ili ne originalen ili ne, za mene od osobeno znacenje odgovorot-reakcija od strana na R.Grcija do medijatorot G-din Metju Nimic, sto e objavena,... официјална Атина соопшти дека немала да прифати членство на Македонија „под ниедно друго име освен БЈРМ“.Otvoreno e prasanjeto, sto sustinski se smeni do Samitot na NATO vo Bukurest 2008 godina da oficijalna Atina stavi veto, odnosno go smeni stavot.Koj izvrsi VELEPREDAVSTVOna nacionalnite interesi,i zemjata ja dovede do ovaa skalilo.IMA G
elena, 30.05.2012 16:55:25
Крајно непрофесионално однесување на нашиот поранешен, крајно неефикасен претседател. ова не му доликува на ниеден нормален човек, а не на човек кој што ни бил претседател.
Bon-ton za premierot, 30.05.2012 16:56:08
Gospodine premier, ne vi dolikuva tolku manipuliranje i plukanje po protivnikot, koe i sega go pravite. Vie *preraskazavte*delovi od sodrzinata na dokument oznachen so *Drzavna tajna* i stepen na tajnost *Strogo doverlivo*, a so cel da go isplukate Branko. Od vas i vashite niski pobudi krena seta ova lavina, ne od Branko, Branko se samo braneshe. Popat, frli prazna hartija, a vie poshto si imate muva, vednash preku MIA dostavivte bezbroj originali, kopii i falsifikati. Jas ne vidov da ja Branko izdade tajnata, ama MIA da! A koj im dostavuvashe takvi dokumenti na MIA i vrapcite znaat. Epa sega odgovarajte, a ne Branko e kriv! Shtp se odnesuva do TV-duelot, namesto kako maz da izlegnete, vie povtorno manipulirate, vredjate i begate. Naime, povikot ne od denes, nego od kako se vie pojavivte, stalno ste prozivani da se pojavite na TV-duel, no vie nikako da soberete hrabrost. Zoshto? Edino ve ima kaj vashite megafoni. Epa toa ne toa, vie ste premier na site gradjani, a ne samo na *svoite*.
cobe, 30.05.2012 17:01:52
Добро бре Грујо, ете Црвенковски грешел, не знаел, не го бидувало, не можел да го реши проблемот????? Па еве имаш шанса и реши го, што чекаш, паметен, образован (еве си научил и издрибла да кажеш), па дај човече веќе симните го ова прашање од дневен ред......... ама по се изгледа не ти е во прилог, затоа што владееш токму од нерешавањето на овој проблем...... веќе е јасно како ДЕН..........
Ni treba strategija na doblizhuvanjeto kon Nevrzanite, 30.05.2012 17:04:23
Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na prof. Igor Janev. Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON. Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON. Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON. Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasn
Трпе, 30.05.2012 17:37:44
Со лага ага не се бидува.Ама тоа е можно само во банана држава како РМ.Ајде грујо ако си маж излези на ТВ дуел.Доста се криеше на гости кај Бурекчијата и луди Миленко.Ви дават шанса дуелот да биде пак во нивните тв куќи.Не ми е јасно од што се плашите.Господинот Црвенковски дрибла,но вие како Амди Бајрам гол со пета си давате.
ФЕЛИКС, 30.05.2012 18:33:43
Не би се сложил со премиерот во целост околу дриблањето,па не се работи за политички Меси тука.Попрво би го споредил со со автонокаут, оти фрлањето на документ во стилот на треторазредни холивудски јунаци се врати со сета жестина на фрлачот во лице.Па сега имаме да неговото било оригинално а другото со печатарски грешки и она старото и изветено-распарталено,,ајде на дуел,,.Би се вратил на ,,печатарската грешка,, за националноста ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА место Македонци,она со македк-macedk ни свети Петар не може да му го објасни значењето.Оваа ,,печатарска грешка, своевремено негативно ја оценија и Утрински,Дневник и др.Кој не верува бујрум архива и нека се прелиста октомври 2005г.Она 2см.десно,1см лево е само ептен анемично алиби за непотребното истрчување кое му се удри од глава на лидерот илузионист.
vladan, 30.05.2012 19:14:16
dobro,se e toa taka,ama sto stanuva so tv duel
Каулиција 99,102%, 30.05.2012 19:34:52
Таков ни е речникот, Грујо дрибла , јас давам голови со пета!“ Тандем снова“
od ostrijot, 30.05.2012 19:37:15
neveruvam oti crvenkovski se izdriblal samijot sebe no veruvam oti grujevski go dribla makedonskijot narod i toa so nedozvoleni trikovi.
Od Branko, 30.05.2012 20:40:32
Ajde Grujo dribleru. Izlezi na duel i izdriblaj go Branko ako si maz.
skopianec, 30.05.2012 22:31:43
gledajte koj prv minister imame ?? ako nekoj ja kazuva istinata sto ne mu se dopaga ne gruefski direkno mu go pravi grobot,faktiqki gruefski e mnogu golem neprijatel na mekedonija i na nas,, crvenkofski se pokaza maz so odgovornost znaqi ovaj e politiqar. gospodine crvenkofski jas sum eden graganin od makedonija so albansko poteklo GO IMATE MOJOT GLAS
Vokabularot na Gruevski, 31.05.2012 00:25:51
Sekoe davanje na izjava e samo potvrda na sramot sto ne jade koj i kakov e Premierot vo drzavata Makedonija.Pojede me tugja sramota velat nasite sosedi.No,za nego toa e normalnen nacin na komunikacija bidejkji poinakva i ne znae.Duri i grimasite sto gi pravi koga zboruva gestikularajkji so racete se prvite nauceni uroci na netalentiraniot artist.Zatoa nikogas nema da prifati TV duel so nikoj sto e so pogolem IQ od negoviot,pa neka go vadat negovite puleni dekake se izgnasel od tugja kal.Pa,ima li pogolema kal od onaa vo koja ja potopi Makedonija?Licemerie bez presedan.Se sto kaza vecerva za Branko e ona sto toj go pravi:lagi,manipulacii,zrtva na predavnicite,samoizdriblan politicar sto prv gi izjavi tajnite od istiot dokumenti i t.n.I sto da se kaze poveke za najneodgovorniot politicar dosega koj ja zadolzi drzavata za generacii nanapred,ja promovirase politikata kako licna rabota na familijata i klikata okolu nego,ja unisti idninata na mladite koi gi brka da si baraat care sami.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | ��копје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |